Според програмата на свеченоста при доделување на наградата за човекови права 2020 на Зоран Заев од Фондацијата Фридрих Еберт се одржа и панел дискусија „Како ги браниме човековите права и мултилатерализмот во време кога овие вредности се под голем притисок?“, на која покрај Заев дискутираше и Горан Булдиоски, директор на Иницијативата за отворено општество за Европа.
Заев истакна дека во време на пандемијата дека солидарноста треба да биде приоритет, особено за социјално загрозените групи на граѓани.
„Верувам дека демократскиот свет мора да ја искористи оваа драматична криза во форма на пандемија во целиот свет и да испрати порака на солидарност постојано. Начинот на кј што треба да продолжиме мора да содржи порака со душа во неа. Верувам дека во Северна Македонија ние тоа го правиме како држава и дека мерките што ги преземаме се целосно ориентирани на тој начин, на тоа поле и даваат резултати… 90% успешност ќе имаме ако им дадеме поддршка на сиромашните луѓе, со мерките кои ги носиме и се надевам дека оваа криза ќе заврши на почетокот од идната година“, истакна Заев.
Булдиоски најпрвин му честиташе на Заев за победата на фудбалската репрезентација во натвреварот со Грузија, со која Северна Макеоднија се квалификуваше на Европското првенство во фудбал.
Давајќи му комплимнет на Заев како на мирен начин ги вовел промените, истовремено рече дека е уплашшен што не сите балкански лидери го следат неговиот пример, туку одат по стапките на Виктор Орбан, што навистина загрижува.
„Мораме да најдеме решение со Бугарија. Ние имаме заедничка историја која треба да не зближува, која ќе ни дозволи да бидеме подобри пријатели во иднина, како и други нешта за кои во иднина ќе најдеме решение“, ијзави Заев во врска со напредокот на процесот за членство во ЕУ.
Булдиоски, пак, истакна дека во Северна Македонија има и радикална левица со која мора да се избори која се занимава со етно национализам и социјалната платформа што има врска и однесувањето на радикалната десница. Булдиоски вели иако се работи за навидум мали работи, но тие треба да се следат.
Б. Ј.