Премиерот Зоран Заев, во образложение на предлогот за гласање на доверба на Владата истакна дека целта е да се стави крај на сите пропаганди на опозицијата.
Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ веќе 6 месеци најавува рушење на Владата, а последните три месеци дека имаат и ново мнозинство.
Заев рече дека денеска е моментот да се види кој е во право и колку е стабилна Владата кој доби поддршка од граѓаните на последните парламентарни избори.
“Да се види дека немаме ништо против помалите партии кои одлучија да дејствуваат самостојно во Собранието. Да се види дека ние мнозинството не го држиме со мениците издадени од Никола Груевски. Нашата меница е поддршката дадена од граѓаните на избори”, рече Заев.
Ваквото барање доверба од претседател на Владата е преседан во македонската демократска историја.
А. Зеќири