• Latest

Заев: Да живее Република Северна Македонија!

January 12, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Да живее Република Северна Македонија!

January 12, 2019 14:39
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прес конференција, одржана ден по изгласувањето на амандманите за уставните промени што произлегуваат од Договорот од Преспа за решавање на спорот со името помеѓу Македонија и Грција, премиерот Зоран Заев се обрати до јавноста, и им се заблагодари на сите пратенички и пратеници, граѓанки и граѓани, за големата и одговорна одлука и поддршка.

„По големата одлука во нашиот Парламент ги разбивме сите дилеми и си потврдивме дека заедно ја движиме нашата земја во иднината што ја посакуваме, македонска држава, како држава на европското семејство и членка на НАТО, кои нѐ прифатија како Македонци со свој идентитет и со своја гордост, земја во чиј идентитет се вградени и идентитети на сите нејзини граѓани, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите други кои живеат во нашата Македонија.“ – изјави Заев.

„Горчината ја оставаме во минатото и со гордост гледаме во иднината напишавме историја и ги отворивме новите, бели страници на нашата иднина за испишување на нова реалност, новата перспектива на Република северна Макеоднија, земја членка на европскотото и евроатлансткото семејство“ – додаде премиерот.

Тој истакна дека Договорот ќе значи дека кон НАТО и ЕУ, Северна Македонија ќе пристапи како полноправна членки. А како нивна членка, ќе се гарантира безбедноста, стабилност, а земјата ќе биде и економски силна.

„Одлуката во Парламентот е одлука против изолација, несигурност и сиромаштија, одлука што им дава сила на младите да бидат рамо до рамо со европските врсници“.

„Убеден сум дека и пратениците во грчкиот Парламент ќе ја препознаат и нивната голема улога во овој историски момент. Силно верувам дека нашиот пријател Грција ќе го ратификува Договорот од Преспа и ќе биде првата земја која ќе го потпише протоколот од НАТО, а потоа ќе ги поведе останатите земји членки на Алијансата за да бидеме 30. земја членка на НАТО“, истакна Заев, додавајќи дека заедно со нашиот пријател Грција ќе ги отфрлиме изолацијата и недоразбирањата и заеднички ќе го потврдиме историското решение.

На прашањето од новинари како ќе постапат по барањето на лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, за предвремени избори, тој одговори дека ќе размислат сериозно.

„Мојот став го знаете. Македонија треба да го искористи ова пред сѐ за економија, реформи, да го средиме нашиот систем и да бидеме нормнална земја. Сите знаат, знам и јас, и господинот Мицкоски, тоа што го бара, моли Бога да не се случи. Но бара првиот човек на опозицијата. Затоа сериозно ќе размислиме и ќе го отвориме најбрзо во највисоките органи и тела на СДСМ, следуваат претседателски избори и е вреднио за размислување како прашање, затоа што не сакаме да оставиме каква било трага на пренемагање, уцени или што било во општетсвото“ – изјави Заев.

„Спомнав Република Северна Македонија, за да сфатат граѓаните прво од устата на премиерот, за важноста на одлуката што е донесена во нашиот парламент. Договорот стапува на сила откако ќе биде ратификуван и во грчкиот парламент. Примената е јасно опишана внатре, и за меѓународна употреба стапува веднаш. За домашна употреба, со отворање на поглавјата, не повеќе од пет години. Но, дефинитивно, тоа е решението што го прифативме и ги отвора перспективите на целиот наш народ.“, одговори премиерот на новинарското прашање дали веќе треба да се користи името „Северна Македонија“, бидејќи тој на денешната прес конференција го употреби тоа име три пати.

На прашањето од новинари како ќе се постапи по непотпишувањето на уставните измени од страна на Претседателот Иванов, премиерот Заев рече дека и нема потреба од неговиот потпис, и дека сега веќе ќе биде пратено во службен весник.

Своето обраќање до јавноста, премиерот на Република Македонија го заврши со „Да живее Македонија, да живее Република Северна Македонија!“.

Д. Тахири

Share1234TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ