„Упатувам повик за лидерска среба која предлагам да се одржи во петок, 19 јули, во 14 часот во Клубот на пратеници“, ја започна денешната прес -конференција премиерот Зоран Заев повикувајќи ги лидерите на ДУИ, Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ.
„За приоритетни теми од наша страна ги предлагам обединување околу принципиелен договор за нов Изборен законик, на време да се почне без притисок од скори избори и да си поставиме за цел до следните избори да обезбедиме лигслатива прифатлива за сите со вградени препораки до ОДИХР. Ќе разговараме, секако и за нов Изборен модел“, изјави Заев.
Како теми за разговор Заев ги предложи и Законот за обвинителство и Законот за попис.
„Јас останувам на ставот дека треба да одиме на редовни избори“, одговори Заев на новинарско прашање околу ставот на ВМРО-ДПМНЕ за лидерска средба само ако се разговара за предвремени парламентарни избори.
„Ако требаше да се оди на предвремени парламентарни избори ќе се одеше заедно со претседателските избори. Изборите се редовни во декември 2020 година, јас немам проблем да разговарам можеби за октомври 2020, во секој случај таа една од темите на кои сигурно ќе разговараме“, појасни Заев.
Б. Ј.