• Latest

Заев и Ахмети денеска ќе ги продолжат разговорите за владина коалиција

August 13, 2020

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев и Ахмети денеска ќе ги продолжат разговорите за владина коалиција

August 13, 2020 14:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ Зоран Заев по примањето на мандатот за составување влада рече дека денеска ќе има средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети за да ги продолжат разговорите. Соопшти дека имаат успех во многу аспекти, но и прашања кои сè уште не им се затворени, а кои се, како што рече, поприлично сериозни прашања. За деталите, рече, не би разговарал зашто преговарачкиот процес  така ќе стане медиумски и нема да биде од помош.

„Се обидуваме да ги дадеме сите можни информации сè до онаму до каде нема да нарушиме какви било перспективи на успешен преговарачки процес. Но, веднаш кога ќе направиме успех и исчекор, тоа ќе го соопштиме. Секако, се надевам на успех заради тоа што граѓаните нè определија, ни дадоа насоки кој со кој да преговара и редот треба да се испочитува. Во демократијата – граѓаните кажуваат кој со кој треба да седне прво да ги направи сите можни напори. Но, како што реков, опциите постојат. На крајот на денот, нашата земја Република Северна Македонија треба да има влада час поскоро, за да може да се зафати со предизвиците од пандемијата, но и со сите домашни предизвици, па и меѓународни, мислам на преговарачкиот процес со ЕУ, Берлинскиот процес којшто следува итн“, изјави Заев.

Заев истакна дека според уставната одредба по доделувањето на мандатот во рок од 20 дена треба да се направи обид за формирање влада и токму овие 20 дена, како што рече,  „се нашиот мегдан да успееме да формираме влада, а со тоа да обезбедиме и парламентарно мнозинство најмалку од 61 пратеник“.

„Секако, за стабилна влада тоа значи секоја бројка повеќе којашто ќе поддржи програма, кадри, кандидати би била сериозна, голема гаранција за стабилноста на Владата. Нашата амбиција е четири години, затоа што очекуваме дека после НАТО-членството, почеток на преговорите со ЕУ, важно е за делегацијата и сите професионалци од ЕУ со коишто ќе преговараме  да знаат дека имаат предвидливост со четири години, но пред се и над се е важно за домашната економија, за деловниот сектор и за граѓаните. Тоа ќе не стави во состојба како држава да имаме само едни избори, тоа се 2021 година  локалните, 2022 и 2023 немаме избори, во 2024  се претседателските и парламентарните избори. Реално, имаме одличен мегдан за работа“, додаде Заев.

Претходно претседателот Стево Пендаровски му го даде мандадот за составување нова влада на Зоран Заев.

„Врз основа на член 84, согласно член 90 од Уставот и предлогот на коалицијата „Можеме“, за мандатар за состав на влада го определувам Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието“, рече Пендаровски.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ