„Само што ја завршив средбата со Зоран, претседателот на СДСМ, со кој постигнавме согласност да подржиме еден заеднички кандидат за претседател на Република Северна Македонија. Изразувам убедување дека овој концепт ќе изнајде поддршка на огромното мнозинство на нашите граѓани“ – напиша Ахмети на својот Фејсбук профил, веднаш по завршувањето на средбата која се одржа попладнево во македонскиот парламент.
Претседателите на двете владејачки партии, СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети постигнаа договор да кандидираат заеднички кандидат за претседател на државата. Но, ниту една од двете партии сѐ уште не објавила име на можен кандидат. Нема информација дали двајцата лидери разговарале за другите политички проблеми што ја придружуваат коалицијата.
„Направивме суштинска анализа. Со ова испраќаме порака до граѓаните дека имаме зрели политички партии кои може да донесат одлука за заеднички претседателски кандидат. Разговараме за имињата и во наредните денови ќе се одлучиме за еден од нив“ – изјави Али Ахмети за јавноста.
А. Зеќири