Денеска ќе биде отворена последната делница од автопатот „Арбен Џафери“, што ја поврзува Приштина со граничниот премин со Македонија, Блаце.
На отворањето ќе присуствуваат косовскиот државен врв, претставен со претседателот, Хашим Тачи, собранискиот спикер, Кадри Весели и премиерот Рамуш Харадинај.
Од македонска страна најавено е присуство на претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.