„Со останатите кандидати за пратеници потврдивме дека крајно потребно и одговорно е да се најде решение за изборите да се одржат пред почетокот на летото најмногу поради здравјето на луѓето. Затоа нашата и мојата порака денеска е дека изборите се решение, а не проблем“, изјави Зоран Заев, преседател на СДСМ, поработна средба со кандидатите за пратеници од ИЕ4 во Струмица.
Заев истакна дека изборите се единствениот демократски механизам за граѓаните да го вратат легитимитетот на законодавната и извршната власт.