• Latest

Заев – Каириене: Поддршка за датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври

July 19, 2019
Скриншот од видео на
Il Sole 24 ORE

Грета Тунберг и Франческа Албанезе од ОН прикажани прегрнати од терорист на Хамас на новиот мурал во Милано

December 1, 2025

МВР: „Безбеден град“ за 12 часа регистрира 65.000 прекршоци

December 1, 2025

ЕКСКЛУЗИВНО — Пендаровски за ЦИВИЛ (1): Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

December 1, 2025

Уапсен човекот што му се заканувал на градоначалникот Митко Јанчев – објавувал омраза и пукашe со автомат!

December 1, 2025
фото: ВИ

Хаос со пензиите: Линеарното зголемување на нишан пред Уставниот суд!

December 1, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Расте бројот на жртви по примирјето, повеќе од 70.000 загинати во Газа во израелските напади

December 1, 2025

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица: Потврдено Упатството на АВМУ за локалните избори 2025

December 1, 2025
Фото: Државен пазарен инспекторат

Пред празниците, ДПИ тргнува во офанзива: Засилени контроли и санкции за угостителите

December 1, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

Прекинати врските меѓу Хамас и Муслиманското братство откако исчезнаа 500 милиони долари наменети за Газа 

December 1, 2025

Пријавување за студентски субвенциониран оброк – рокот истекува на 5 декември!

December 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев – Каириене: Поддршка за датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври

На средбата била изразена и поддршка за добивање датум за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ во октомври, со цел да се задржи мотивацијата на позитивни промени што се случуваат во државава, во клучните области важни за ЕУ.

July 19, 2019 15:03
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поддршка за добивање датум за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија во октомври, искажала амбасадорката на Литванија, Раса Каириене на денешната средба со премиерот Зоран Заев.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, биле поздравени постигнувањата на Република Северна Македонија на планот на добрососедските односи, посебно преку постигнатиот Договор од Преспа, како и во делот на реформите.

Констатирано било дека нашата држава заслужува напредок во интеграциите, поради што Литванија е меѓу првите земји што го ратификуваа Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. На средбата била изразена и поддршка за добивање датум за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ во октомври, со цел да се задржи мотивацијата на позитивни промени што се случуваат во државава, во клучните области важни за ЕУ.

– Даваат резултати реформите, за што има позитивни оценки во Извештајот на ЕУ, но се значајни и за граѓаните на нашата земја. Веќе имаме видливи резултати во борбата против корупцијата и во делот на зајакнувањето на правосудниот систем. Цениме дека е можно до декември нашата земја да биде полноправна членка на НАТО и дека во октомври ќе го добиеме заслужениот датум за почеток на преговорите со ЕУ, којшто ќе биде големо охрабрување за напредокот на Република Северна Македонија, но за европските перспективи на целиот регион, истакнал премиерот Заев.

Изразувајќи благодарност за пријателската и принципиелна поддршка од Литванија, Заев упатил покана за посета на литванскиот премиер на Република Северна Македонија.

На средбата биле потврдени пријателските односи помеѓу двете земји и била потенцирана поддршката од Литванија преку експерти во твининг програмите на ЕУ, што ќе продолжи и во иднина. Споделени биле искуства за резултатите од евроатлантските интеграции во Литванија изразени преку желбата на граѓаните да живеат и работат во својата родна земја, дури и со враќања од странство, поради отворените перспективи.

На состанокот, како што стои во соопштението, била изразена определба за развој на соработката помеѓу Република Северна Македонија и Република Литванија, во областа на економијата и туризмот, земјоделството, информациски технологии и биотехнологиите.

Соговорниците разговарале и за поттикнување поинтензивна соработка помеѓу бизнис коморите на двете држави и примена на позитивни искуства од Литванија применливи за нашата држава.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Ангел Ангеловски/PMD

    Пензионерите ќе останат без најавеното зголемување: Владата ја префрла вината на Уставниот суд

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Српските банки се закануваат со прекин на трансакциите со НИС ако компанијата не добие американска лиценца

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонски портали усогласено шират малициозни тврдења на руска разузнавачка служба

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Радев со жестока реакција, државниот врв молчи – ЦИВИЛ со осуда: Нападот врз новинарот Перев е чин на омраза и удар врз демократијата

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Украински домови горат по масовниот руски ракетен напад врз Киjив – најмалку 6 убиени, 14 повредени цивили

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ