• Latest

Заев: Ќе ги имплементираме препораките на ЕК

October 7, 2020

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Ќе ги имплементираме препораките на ЕК

October 7, 2020 14:45
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементација на веќе донесените закони и постоечки механизми. Јас како премиер заедно со министрите од анализата на наодите од Извештајот на Европската комисија ќе ги искористиме укажувањата на ЕК за проверка на нашите акциски планови и стратегии од првиот кластер од поглавјето за преговори посветен на темелните вредности, порача денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји кој е во посета на Северна Македонија.

Посочи дека во Извештајот е нотирано оти земјата во многу области има постигнато високо ниво на усогласеност со европското законодавство и оти се препорачува имплементација и испорака на уште поголеми резултати.

Двата документа што вчера ги објави Европската комисија, според Заев, се придонес кон создавање на силен политички момент за уште еден исчекор на европската агенда на нашата земја.

– Особено важен момент е што Извештајот на ЕК се објавува во период на реафирмирање на европските чекори и програмата на новата Влада и претставува одлична алатка за прецизно дефинирање на приоритетите и секториските планови во наредниот период, рече Заев.

Посебно важен за него е економско-инвестицискиот план за Западен Балкан за кој, како што рече, најголема заслуга има еврокомесарот Вархеји. Овој пакет, смета премиерот, е од големо значење за приватниот сектор, за енергетските проекти и за транспортното и желесничкото поврзување на регионот и претставува вистинска мотивација во следниот период регионот да испорача уште повеќе резултати.

– Благодарни сме што многу важни проекти за Северна Македонија ќе бидат поддржани со овој план. Изразувам благодарност до Европската унија и за несебничната помош која ни беше дадена за време на Ковид кризата која се уште трае. Вчера легнаа 80 милиони евра на буцетот, а останатите 80 милиони евра во следниот период.Солидарноста на дело на ЕУ е поттик за нашето идно работење, истакна Заев

Европската комисија вчера ги објави двата исклучително важни документи за европската агенда на Северна Македонија: Годишниот пакет за проширување кој го вклучува годишниот Извештај за процесот на пристапување на земјата во ЕУ, како и Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан.

Во годишниот извештај на ЕК за напредокот на земјата се наведува дека Северна Македонија направи одреден напредок и е на добро ниво на подготовка за развој на функционална пазарна економија. Економскиот раст се забрза во 2019 година со зголемувањето на инвестициите, но, од април 2020 година, кризата со КОВИД-19 остави свој белег врз економијата и јавните финансии.

– Властите презедоа низа мерки за поддршка на компаниите и домаќинствата, за да го ублажат економското и социјалното влијание на кризата. Фискалната транспарентност беше дополнително подобрена. Сепак, фискално значајните реформи во оданочувањето на доходот и системот на пензии, воведени на почетокот на 2019 година, забележaa назадување. Фискалната транспарентност беше дополнително подобрена, но беа запрени реформите на даночниот и пензискиот систем, почнати во 2019 година. Покрај тоа, спроведувањето на јавните капитални расходи остана ниско, а стабилизацијата на јавниот долг сè уште не е обезбедена. Пред да се појави кризата, стапките на невработеност продолжија да опаѓаат, а се намали и неформалното вработување. Сепак, позитивниот тренд веројатно ќе се промени поради кризата КОВИД-19. Проблем за бизнисот и натаму останува високиот удел на неформалната економија, се наведува во делот од извештајот за исполнувањето на економските критериуми.

Покрај тоа, ЕК укажува и дека спроведувањето на јавните капитални инвестиции остана на значително ниско ниво, а стабилизацијата на јавниот долг сè уште не е обезбедена. Пред кризата со КОВИД-19, стапките на невработеност дополнително се намалија, исто така и кај младите, а неформалното вработување благо опадна. Сепак, влијанието на кризата со КОВИД-19 веројатно ќе ги сврти тие позитивни трендови. Стапките на учество на жените остануваат ниски, иако нивното учество во пазарот на трудот се зголеми.

Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ