• Latest

Заев: Ќе разговараме за Влада која ќе се грижи за сите граѓани подеднакво

August 4, 2020

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Ќе разговараме за Влада која ќе се грижи за сите граѓани подеднакво

August 4, 2020 15:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ, која на парламентарните избори освои 46 пратенички мандати, од денеска ги почнува преговорите за парламентарно мнозинство и за формирање на влада која ќе има полн четиригодишен мандат.

Лидерот на партијата Зоран Заев по завршувањето на денешната конститутивна собраниска седница најави дека во следниот период ќе се одвиваат разговори на повеќе нивоа и очекува дека за 10 до 15 дена ќе има исход од овие преговори. Тој рече дека ќе разговара со лидерите на политичките партии и штом има некаков напредок, за што партијата ќе ја информираат јавноста. Тој уште еднаш им заблагодари на гласачите за укажаната доверба на изборите и вети дека ќе учествуваат во изградбата на независен парламент кој ќе ги претставува интересите на граѓаните и на државата, пред партиските интереси.

„Во име на СДСМ, коалицијата МОЖЕМЕ и на сите 46 избрани наши пратеници, уште еднаш им благодарам на граѓаните за демократскиот капацитет и одговорноста кои беа демонстрирани на изборите – и уште еднаш уверувам дека нашите 46 пратеници, а сигурен сум дека има уште многу такви пратеници во овој состав – заедно ќе покажеме уште поголема одговорност кон сопствениот народ и сопствената држава – ќе градиме независен парламент – ќе ги претставуваме пред се интересите на граѓаните и на државата, пред партиските интереси – ќе му служиме на народот! Државата им припаѓа на сите подеднакво. Државата е наша заедничка одговорност. Со оваа кауза денес се обврзуваме да градиме независен и одговорен парламент, вистински дом на демократијата“ – изјави Заев.

Зоран Заев говореше за принципите врз кои ќе ја гради новата влада за која вели дека ќе истера полн 4-годишен мандат: „Овој наш заеднички дом ќе ја избере и следната демократска, политичка, одговорна, европска Влада. Ние од денеска почнуваме преговори за нов четири-годишен, полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот, мнозинство кое ќе ни донесе стабилна и посветена четири-годишна Влада која е подготвена да сработи. Ќе разговараме исклучиво за формирање Влада која се грижи за сите граѓани подеднакво, ослободени од какви било етнички предрасуди или национализми, Влада која нема никакви дилеми кога е во прашање нашиот заеднички пат кој се вика Северна Македонија – Едно општество за сите. Ќе разговараме за Влада која е решена и која ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа – секој ќе си ја носи сопствената одговорност, без разлика дали доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат.“

Според Заев, особено внимание ќе се посвети на делот за прочистување на правосудството и на проверката на потекло на пари и капитал кај секој функционер, по пат на систем што заеднички ќе го договориме.

Понатаму, како што најави претседателот на СДСМ, екологијата, чистата и здрава животна средина, еко државата ќе бидат едни од најважните теми на кои ќе се посвети неговата влада.

„Идните чинители во новата Влада ќе треба да се подготвени и за сериозна реформа на јавната администрација – зборуваме за промена која ќе донесе ефикасно служење на потребите на граѓаните, но и промена со која обемот на администрацијата ќе се намали за 20%. Зборуваме за помал број министри и за рационализација на јавните служби, но за поголем број и побрзи услуги за граѓаните“ – најави Зоран Заев.

Што се однесува до економијата, Заев, во обраќањето до јавноста, самоуверено, како веќе да е составен владата, изјави:

„Конечно, Владата за која ќе разговараме, на првото место од својата европска и граѓанска агенда, ќе ја има НОВАТА МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА.  Главните принципи се: платите да продолжат да растат, да вложуваме во младите и во рамномерниот регионален развој, да водиме посебна грижа за најсиромашните граѓани и да даваме постојана поддршка на домашниот приватен сектор. Јакнењето на економскиот стандард на сите граѓани ќе биде императив на новата Влада.

Ние во овој момент почнуваме со сериозни разговори поставени на сериозни принципи кои ќе ни донесат сериозна и посветена – Влада која движи брзо напред по европскиот пат, односно Влада посветена на економијата и правдата. Влада која ги отвора преговорите за членство со Европската Унија и Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот, тука во нашата убава земја. Тоа го побараа граѓаните, тоа ќе го испорачаме.“

Заев очекува дека за 10-15 дена ќе има исход од преговорите меѓу партиите: „Многу скоро ќе ги кренеме македонските институции во полн капацитет да можат да се справуваат со најголемиот предизвик, невидливиот непријател КОВИД-19. Пред нас е есента која носи нова учебна година, нова грејна сезона, нови предизвици на болниците – пред нас е заедничка борба за јавното здравје и за економски напредок.“

По излагањето, Заев одговори на повеќе новинарски прашања.

 

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ