• Latest

Заев: Логично е понекогаш да имаме различни ставови со Пендаровски за некои прашања

February 18, 2021
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Логично е понекогаш да имаме различни ставови со Пендаровски за некои прашања

February 18, 2021 13:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека не се согласува со предлогот во личната карта да се впишува и етничката припадност, рече дека е логично понекогаш да имаат различни ставови со претседателот за некои прашања иако веруваат во исти вредности, и оти е добро што претседателот ќе испочитува ако мнозинството одлучи и го донесе законот, тој да го потпише указот.

-Внимателно го читав интервјуто на претседателот Стево Пендаровски, што ќе почитува ако мнозинството одлучи и го донесе законот, тој да го потпише указот. Понекогаш и ние што веруваме во исти вредности за некои аспекти сме различни и тоа е многу логично. Сепак, претседателот е прв во државата, ова за мене е вредно за внимание, нормално на првиот состанок ќе разговараме за аргументациите. Сепак, ова произлезе од еден сериозен процес кога се случуваа уставните промени, рече Заев во одговор на новинарско прашања на заедничката прес-конференција пред Владата со претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи.

Претседателот Пендаровски вчера во интервју за порталот МКД.мк. изјави оти не се согласува со предлогот во личните карти да се впишува и етничката припадност, посочувајќи дека нема сличен пример во светот, но оти нема многу големи аргументи за да не потпише таков указ ако законот биде изгласан во Собранието.

Премиерот потсети дека политичката партија Беса го дала и го аргументирала законскиот предлог уште во 2019 година кога се носеле уставните измени, а оти се работи и за даден збор во рамки на владејачката коалиција.

-Беса тоа го побара, тогаш ги дадоа своите аргументации, тогаш јавно и како тогашна Влада објавивме дека ова е прифатливо, секако се консултиравме и е во духот на Преспанскиот договор. Личната карта е документ за идентификација, а во мултиетничко општество, кога помалите етнички заедници се гласни ние не смееме да останеме неми. Не губи најголемата заедница, Македонците, ништо, ќе бидат впишани Македонци, Албанци, ќе бидат впишани сите, рече Заев.

Посочи оти ќе се води грижа за сите етнички заедници во државата, но, рече, државјанството е една карактеристика што е задолжителна во сите документи, а никаде не е забрането, ниту ограничено да биде и етничката припадност.

-Нашата земја е многу различна од многу други земји, и тоа по добро, соживотот, мултиетничноста, мултикултурата, мулти религискиот аспект на животот во Северна Македонија е богатство и треба да го негуваме тоа богатство и да го надградуваме, рече Заев.

Истакна дека аргументациите ги разгледувале со стручните служби, ги проверувале и низ Преспанскиот договор. -Важно е да се почитува до крај државјанството, каде што стои македонско/граѓани на Република Северна Македонија. Етничкиот идентитет на Македонците е потврден со Преспанскиот договор, како што е потврден и македонскиот јазик, и апсолутно нема загрозување на било кои интереси, рече Заев.

Додаде дека за ова прашање е разговарано и со други надлежни институции, како и со Министерството за внатрешни работи, изразувајќи задоволство што и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се изразила позитивно по ова прашање.

На новинарско прашање дали владејчката партија ќе се согласи на измени на Изборниот закон за земјава да биде една изборна единица, Заев рече дека за Изборниот законик мора постои широк консензус, со што се заштитува довербата на граѓаните, и второ, кажа, сите последни препораки од ОБСЕ/ОДИХР да се вградат во законот.

-Нашите ставови се јасни. Ние се бориме за една изборна единица на парламентарни избори. Сакаме отворени листи уште сега на локалните избори, тоа е дел од владината програма, но треба сите да бидеме за, не е во ред ниту една помалку бројна партија да излезе надвор, а само големите да се договараме за овие работи. Сакаме да ја слушнеме и опозицијата, бидејќи таа прво треба да ја има довербата во законот за изборите, подвлече Заев.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ