• Latest

Заев – Мицотакис: Економските односи меѓу двете земји бележат нагорен тренд, има потенцијал за уште поголема соработка

November 15, 2019

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев – Мицотакис: Економските односи меѓу двете земји бележат нагорен тренд, има потенцијал за уште поголема соработка

November 15, 2019 08:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев вечерва оствари средба со премиерот на Република Грција Кирјакос Мицотакис, на маргините на Самитот во Солун.

Премиерите Заев и Мицотакис, заедно со претседателот на Владата на Република Бугарија Бојко Борисов се поканети на Самитот како говорници на панелот насловен „Југоисточна Европа: Унапредување на регионалната соработка и реформи”.

„На средбата со премиерот Мицотакис, која помина во пријателска и конструктивна атмосфера, се разговараше за повеќе прашања, меѓу кои прашањето на поддршката на Грција во претстојниот период за да се забрза претстојниот процес за старт на преговорите на нашата земја за членство во ЕУ“, соопшти вечерва владиниот Сектор за односи со јавноста.

Двајцата премиери изразиле согласност дека позитивниот исход на ова прашање со што ќе биде потврдена европската перспектива на Северна Македонија, ќе биде од огромен придонес за сигурноста и стабилноста на регионот и ќе биде дополнителен поттик за економските односи кои од потпишувањето на Договорот од Преспа бележат нагорен тренд, јавува МИА.

Во разговорот било нагласено дека тоа е нов поттик за економските врски меѓу двете земји и произлегува и од фактот дека Грција е втор најголем трговски партнер на нашата земја, чија вредност на вкупните инвестиции во Северна Македонија ја става на високото трето место.

Двајцата премиери на средбата ја потврдиле посветеноста на двете земји за целосна и непречена имплементација на обврските на двете страни утврдени во Договорот од Преспа. Како позначајни се истакнати заложбите за прогрес на работите на граничните премини кои ќе донесат придобивки за двете земји, за поврзување на регионите, како и за можноста што новите гранични премини ги отвораат за продлабочување на економската соработка.

На средбата меѓу претседателите на владите на Северна Македонија и на Грција било истакнато дека ќе се обезбедат услови за поинтензивна работа на комисиите на двете земји кои работат на утврдувањето на трговските марки.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Заев на средбата истакнал дека очекува премиерот Мицотакис да ја посети нашата земја за да продолжат средбите кои ги охрабруваат односите меѓу двете земји.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ