По препораката од Венецијанската комисија да се преиспита законот за јазиците и напуштање на одредбите за двојазичност во судските постапки, премиерот Заев најави дека законот за јазици ќе биде ревидиран а министерството за правда ќе подготви измени и ќе ги достави до Собранието. Овие измени ќе бидат во согласност со забелешките на венецијанската комисија која вчера достави мислење дека законот треба да се преиспита.
Заев прецизираше дека измени ќе има во делот кој се однесува на употребата на албанскиот јазик во судството, за да се избегне ситуацијата кога заради овозможување на правото на употребата на мајчиниот јазик би се загрозиле некои други права.
Се очекуваат измени и во делот на казните кои се предвидуваат заради прекршување на овој закон.
Законот по втор пат оваа беше изгласан во Собранието во Јануари оваа година, откако по првичното усвојување не го доби потписот на претседателот Иванов.