• Latest

Заев: Направивме договори за стратешко партнерство, продолжуваме и отвораме широк простор за бизнис иницијативите

November 15, 2019
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Направивме договори за стратешко партнерство, продолжуваме и отвораме широк простор за бизнис иницијативите

November 15, 2019 11:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија и земјите од Западен Балкан имаат само еден пат – патот кон ЕУ. Интеграцијата на земјата и на регионот започна од Солун, со резолуцијата од Самитот на ЕУ во овој град во 2003 година. Бугарија и Романија беа првите земји од Балканот кои ги остварија определбите од тој самит. Сега е време да направиме чекор повеќе и Северна Македонија и другите да им се придружат во европското семејство, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на Самитот во Солун на панел дискусијата „ЈИЕ Европа: Унапредување на регионалната соработка и реформите“.

На панелот, на кој присуствуваа сите учесници на годинашниот Самит во Солун зборуваа и премиерите на Грција и на Бугарија Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов, јавува МИА.

Премиерот Заев во своето обраќање истакна дека Северна Македонија последните три години направи многу на домашен и меѓународен план. Како еден од главните приоритети на Владата на Северна Македонија тој ги издвои решавањето на билатералните спорови со Бугарија во 2017 година и со Грција во 2018 година, и дека земјата веќе нема отворени проблеми со соседите и тоа ја прави единствена во регионот на Западен Балкан од таа перспектива.

Договорот од Преспа, рече тој, е најдобриот пример за успех на дипломатијата и дијалогот. Нагласи дека со него се става крај на долг и тежок спор, кој беше отворен три децении.

„Договорот од Преспа е достоинствено и прифатливо решение за обете страни. Тој се заснова на компромис што гради пријателство. Компромис што е добар и за двете страни. Нашето достигнување ги охрабрува другите водачи во регионот да бидат посветени на одржување на мирот и стабилноста, да ја зголемат регионалната соработка, да го зајакнат економскиот развој и да бидат силно посветени на интеграцијата во ЕУ. Цел свет ни оддаде признание за решавањето на проблемите, и сега е време да им дадеме пример дека правиме чекор понатаму и дека ја остваруваме надежта што беше отворена во Солун во 2003 година“, истакна премиерот Заев.

 

Тој потенцираше дека Северна Македонија ги исполни домашните задачи за да ги оствари условите за старт на преговорите со ЕУ и оцени дека одлуката на ЕУ да не даде согласност за ова прашање беше историска грешка и има негативни ефекти и испрати негативна порака за другите во регионот кои наоѓаат мотивација за демократски реформи во интеграцијата во ЕУ.

„Сепак, ние нема само да седиме и да чекаме. Продолжуваме со европеизацијата на нашето општество и ќе ги зајакнеме и спроведеме нашите реформи. Ние сме одлучни во борбата против организираниот криминал и корупцијата, нема да отстапиме и веќе имаме значителни резултати. Затоа сме посветени да се придвижиме кон ЕУ и НАТО. Добро е за нас, добро е за регионот, а исто така и за самите ЕУ и НАТО. Тоа е добра стратегија за сите“, нагласи премиерот Заев.

Тој истакна дека евроатлантската иднина на земјата е поттик за економски развој: стимул за инвестиции, поголема трговија, пристап до единствен пазар на ЕУ, зголемена подвижност на луѓе, стоки и капитал, пониски кредитни стапки, и помага во создавањето повеќе и подобро платени работни места.

„Дојдете во Северна Македонија. Стабилноста и реформите носат економски напредок. Во 2018 година имавме највисоко ниво на директни странски инвестиции – 624 милиони евра. Растот зајакна во 2019 година и се предвидува да достигне 3,8 проценти до крајот на годинава, поттикнат од зголемувањето на инвестициите и потрошувачката. Развивме политики за поддршка на бизнис иницијативите“, истакна тој.

Додаде дека оваа година државата помогнала со 50 милиони евра, а за идната имаме во Буџетот повеќе за поддршка во таа насока.

„Регионалната соработка со отстранување на бариерите за слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал отвора добри можности да правите профит во нашата земја, а на нас да ни донесете повисок БДП, развој, нови работни места. Тоа е вин-вин ситуација“, им порача Заев на претставниците на најголемите компании од Грција и од регионот.

Тој додаде дека сите земји од Западен Балкан ги делат европските вредности и продолжуваат да ги имплементираат европските стандарди во своите општества.

„Од стагнацијата во меѓудржавните односи, дојдовме до моментот кога сите три земји, Грција, Бугарија и Северна Македонија се гледаат себеси како партнери во трансформацијата на регионот. Направивме договори за стратешко партнерство, сега е време максимално да ги поддржиме и да го отвориме широко просторот за бизнис иницијативите“, рече премиерот Заев на Самитот во Солун на панел дискусијата „ЈИЕ Европа: Унапредување на регионалната соработка и реформите“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ