Денешната собраниска расправа на која се дебатира за предлозите за нови министри во Владата, помина со реплики, контрареплики и критики.
Најголемата критика дојде од Илија Димовски, кој го праша премиерот дали Драган Тевдовски е сменет затоа што не сакал да потпише заем за новиот Клинички центар.
Заев, окако одговор, ги отфрли информациите како неточни и дека Тевдовски всушност секогаш бил „за “ нов Клинички центар.
„Која е гаранцијата дека новите луѓе ќе бидат подобри од досегашните? Гаранцијата е кога ќе победиме на следните избори“, одговори Заев на барањето гаранција дека луѓето што ги предлага за нови министри ќе бидат подобри од оние што се сменети.