Предлогот за реконструкција на Владата, кој треба да биде усвоен на собраниска седница наредната седмица., според изјавата на премиерот Зоран Заев ќе се достави утре, иако се очекуваше уште вчера Собранието да ја има листата на новите мминистри.
И покрај шпекулациите за можните промени во одредени министерства, од Владата велат дека Заев во тајност ги држи одлуките во однос на кадровските решенија.
Веќе се зборува дека на местото на министерот за култура Асаф Адеми, да биде Универзитетскиот професор, Хисни Исмаили, а дека ќе бидат сменети и министирте за земјоделство, екологија, транспорт и врски.
„Секако ќе има промена на министри, нови министри.. Донесени се одлуките, вие знаете дека паралелно работиме и на вториот бран, ако можеме да успееме и во делот, да им се заблагодариме на одредени директори на јавни институции и други носители на јавни функции, челнови во управни одбори…“, изјави Заев.
Предлогот за реконструкција пред пратениците се очекува да биде во вторник.
Исто така, се очекува именување на нови потпретседатели на СДСМ и околу 20 претседатели на општиниските ограноци на партијата.