• Latest

Заев омекна за СЈО и бомбите, се најавува ли болен компромис?

April 11, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев омекна за СЈО и бомбите, се најавува ли болен компромис?

April 11, 2019 17:58
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска настапи со многу помеки ставови околу преговорите за СЈО, а кои сѐ повеќе се приближуваат до оние на опозицијата. Додека министерката Рената Дескоска досега обвинуваше дека опозицијата бара нова амнестија со ограничување или остранување на бомбите од доказните материјали, Заев денеска тврди дека аудио материјалите можат да бидат само индиции и не можат сами по себе да служат како докази.

Заев додава дека бомбите не се предмет на преговарање и дека, според актуелниот закон, поднесувањето на обвиненија е 18 месеци од преземањето на материјалите и на предметите.

„Значи, бомбите како докази, апсолутно, во самото законско решение се предвидени, тие не беа цел за преговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите претставници на парламентарните партии и другите пратенички групи, од проста причина што и основниот закон за специјално јавно обвинителство, членот 22, вели дека поднесувањето на обвиненија е 18 месеци од преземањето на материјалите и на предметите. И сите бомби и во предметите во кои што се поднесени може да бидат секако индиции, тие сами по себе, како докази, не може да опстојат, мора да има и материјални докази. Така да, она што треба да го знаат граѓаните, а тоа е и најважно, е дека се предметите се живи, кај што се воделе пред истражни и истражни постапки, со поднесени обвиненија, тие ќе бидат распределени за да можат обвинители и судии да утврдат дали постојат докази, за да можат да бидат процесирани како, впрочем, и секој предмет што постои во Република Северна Македонија“, изјави премиерот Заев.

„Да не создаваме филмови и фантастични очекувања“ – ова е најновото барање на премиерот Зоран Заев, поврзано со преговорите за Специјалното Јавно Обвинителство, кои според него течат понатаму. Заев тоа го оправдува со фактот дека граѓаните не му дале двотретинско мнозинство на парламентарните избори, така што, соодветно на тоа мнозинство, ќе се одреди какво решение ќе се носи за СЈО.

„Извинете вака, значи мора да ги расчистуваме работите за тоа што се создават филмови и фантастични очекувања кои што, апсолутно, според мене, не се реални. Прво, самиот систем во Република Северна Македонија е поставен на двотретинско одлучување. За да може да носиме одлука, треба граѓаните да кажат, преку гласање, што очекуват. Тие никому не му дадоа двотретинско мнозинство, за да може да испратат таква порака. Значи, еден дел, мнозинството граѓани одлучиле така како што одлучиле. Еве, мене ми дадоа, како носител на една политича опција 49 пратеници, на мојот политички опонент му дадоа 51 пратеник. Оттука, очекувањата така треба и да ги димензионираме“, изјави Заев.

Тој додаде, исто така, дека веќе нема да се објават аудио материјали од прислушуваните разговори, бидејќи 70% биле приватни и недозволени за објавување. Одговорајќи на новинарско прашање, Заев рече дека тоа што се процесирало досега е целиот криминал кој бил откриен од бомбите и сѐ друго се приватни разговори кај што нема криминал.

Арбен Зеќири

Share155TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ