По средбата кај претседателот Пендаровски, којашто заврши без договор за датум за предвремените парламентарни избори, лидерот на СДСМ, Зоран Заев даде кратка изјава за новинарите.
-Ви благодарам што не чекавте два и пол часа, во интерес на разговорите, се договоривме со претседателот Пендаровски да се испрати соопштение, не успеавме да постигнеме договор, но во интерес на тоа оставивме можност во текот на утрешниот ден доколку една од страните процени дека треба да се слушнеме, ќе се слушнеме. Ќе го дониете соопштението, а на прашања нема да одговарам, во согласност со претседателот Пендаровски и господинот Мицкоски.