• Latest

Заев: Ова е борба за сечиј живот, да бидеме одговорни, заедно да го победиме корона вирусот

March 20, 2020

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, денеска гласање во Собранието

August 16, 2025

Албанската влада најави дека ќе ги обнови опожарените и изгорени куќи, а ќе ги обештети и земјоделците

August 16, 2025
Фото: Укринформ

Русија лансираше 85 борбени беспилотни летала и балистичка ракета насочена кон територијата на Украина додека траеше средбата Трамп-Путин

August 16, 2025
Ескалација на протестите во Србија
Фото извор - Нова.рс

Немири во Србија: Судири меѓу полицијата и демонстрантите на протестот во Белград

August 16, 2025
Donald Trump, Vladimir Putin - Alaska Summit
August 2025
Source: Video Fox 5

Трамп- Путин во Алјаска: Неубедлив крај на еден раскошен самит

August 16, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски: Нападите продолжуваат – Москва не дава сигнал дека сака да ја запре војната

August 15, 2025
Трамп и Путин во Алјаска. Фото: Скриншот

Путин и Трамп се ракуваа пред медиумите и прошетаа по црвениот тепих во Енкориџ

August 15, 2025
Фото: Профил на Х, Карл Билд

Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

August 15, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025
Фото: Принтскрин

Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Заев: Ова е борба за сечиј живот, да бидеме одговорни, заедно да го победиме корона вирусот

March 20, 2020 12:38
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Зоран Заев, претседател на СДСМ се обрати на  јавноста и граѓаните, поврзано со ситуацијата за заштита на здравјето на граѓаните и последиците од корона вирусот

„Живееме во тешко време кога сите заедно делиме иста мака и сме исправени пред предизвикот заеднички да се избориме. Затоа, уште еднаш Ве повикувам сите Вас на одговорност, на заедничка акција и солидарност. Само заедно, сплотени, може да се избориме против коронавирусот“, вели Заев.
„Ајде заедно да им помогнеме на институциите, на јавното здравство, преку наш личен пример, преку лична одговорност. Да останеме дома, да нема никакви собири, да користиме средства за дезинфекција и често да миеме раце.
Ситуацијата во светот е тешка, тажна и страшна. Заразата не бира кого ќе го нападне. Таа ги напаѓа сите луѓе. Во Италија има огромен број на жртви, а многу тешко е и во Шпанија.
Ова е борба за сечиј живот, за животот на твоите деца, твојата мајка, татко, брат, сестра, твојот сосед и пријател, за мојот и твојот живот. Млади, мора да разберете колку е сериозна ситуацијата и веднаш да ги прекинете собирите. Дечки и девојки, помислете на своите најблиски, вирусот може да биде многу опасен за вашите родители, баби, дедовци, за луѓето кои за разлика од вас, многу потешко би се избориле со болеста. Знам дека имате начини да се дружите онлајн, и затоа ве замолувам, направете го тоа.
Ги молам медиумите да продолжат да помагаат со своето одговорно и професионално однесување, благодарение на нив имаме информирана јавност.
На оние од екипата “Лажни вести” им порачувам да престанат да му штетат на нашиот народ, зашто сега народот реагира.
Да бидеме одговорни, да се почитуваме, да си помагаме, да се чуваме. Секој живот е важен, секој човек е важен! Ова се тешки времиња, но ние сме тука да им служиме на граѓаните, да им помогнеме на компаниите, на работниците. Подготвуваме голем пакет на нови економски мерки, да ги задржиме вработените и да ги одржиме фирмите. Државата ќе помогне солидарно, на здрави основи.
Верувам дека Северна Македонија е во кондиција да обезбеди најголема помош по глава на жител споредемо со земјите од соседството. Ние сме тука заедно да го победиме невидливиот непријател и заедно да се справиме со сите економски последици“, изјави Заев во своето видео обраќање до граѓаните.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ