• Latest

Заев: Пикот на здравствената криза се очекува на средината, а на еконмската криза на почетокот на април

March 18, 2020

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Заев: Пикот на здравствената криза се очекува на средината, а на еконмската криза на почетокот на април

March 18, 2020 16:58
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter
„Треба да очекуваме сериозна економска криза, ќе ја има насекаде во светот, ќе ја има и кај нас. Прво државата мора да им се најде на граѓаните и на стопанството, за тоа и постои. Нема друга смисла за постоењето на државата како организиран систем, дали е тоа Собрание, извршна власт, општина, правосудна власт итн…и светот така како што го прави тоа, така и ние ќе го правиме“, изјави претседателот на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес конференција.

„Прво буџетот е ликвиден, стабилна е државата, навистина е растеретена од големите долгови и може поподготвено да влезе и да се справи со оваа многу тешка криза и ќе биде многу тешка криза. Како што реков сите ќе мора да бидеме солидарни, сите. Најмногу државата, институциите, буџетот а после тоа сите. Ќе трпиме сите и верувам колку порамномерно таа солидарност ја направиме, толку побрзо ќе излеземе од ваквата економска криза. Учествувам заедно со економски експерти овде каде што работам, јас не се движам воопшто. Го кажувам ова како личен пример, вие медиумите ви благодарам многу за професионалната работа, доаѓате, вие го споделувате тоа со граѓаните и помагате многу. Но работам со доста економски тимови затоа што мора да бидеме инвентивни, да ги следиме нашите буџетски можности како држава и да правиме сé за да помогнеме на економијата.

Прво мора да го стабилизираме буџетот и во моментот верувам дека Министерството за финансии подготвува да побараме евтини пари. Ќе повлечеме кредити, повлекоа Германија, Америка, повлекуваат сите земји. И ќе повлечеме кредити секако знаејќи дека тие кредити треба да ги враќаме. Ќе повлечеме толку колку што претпоставките, анализата на аналитичарите тоа го велат. Едно е заради стабилност на буџетот, прво за здравје мора да имаме, мора да ги обезбедиме, социјалните трансфери, пензиите и сите други трошоци во државата. Притоа државата треба да биде и доволно силна да помага. Насекаде во светот се преземаат мерки кои што се јавно достапни, ги читаме. Дел од тие мерки кој што денеска беа претставени во Владата се многу истоветни и соодветни на мерките од земјите од регионот, па дури и од современите и развиени европски земји, членки на ЕУ. Така што јас денеска ќе кажам дел за тие мерки и ќе кажам секако дека ќе има и други мерки. Прво многу е важна мерката што банките прифатија сугестијата на народната банка Гувернерката ќе предложи на советот на народната банка да ги одложи резервациите, заради тоа што секое доцнење за наплата на кредитите од граѓаните банките го ставаат како резервација. Тоа е дополнително трошок за банките во народната банка. Ако Народна банка ја тргне таа резервација верувам дека советот ќе донесе позитивна одлука веднаш банките ќе ги одложат наплатата на ратите на граѓаните и на компаниите кои се погодени од кризата. Верувам дека тие што не се погодени во кризата редовно ќе си ги плаќаат сите обврски па и ратите, а и тие што имаат повеќе ликвидни средства, апелирам авансно да платат даноци на државата. Ако имаат пари, стојат на сметката, на својата земја ќе ѝ ги уплатат како авансни давачки. Сето тоа ќе ни биде на располагање да можеме да помагаме, а знаат сите дека ако сега немаат обврски, ќе имаат во август, ќе имаат во септември. Тоа би било од помош, би било акт на солидарност и сериозно ќе го почитуваме. Тоа значи дека банките, колку што знам јас, за ратите во мај, април, јуни ќе бидат одложени и ќе ги информираат своите клиенти, со завршувањето на кризата да продолжат да ги плаќаат ратите додека заврши тој мораториум“, објасни Заев.
„Во вакви околности сакаме да вбризгаме пари во стопанството и определивме милијарда – милијарда и пол денари за помагање преку социјалните придонеси. Коморите побараа неколку видови помош околу придонесите. Еден од тие е токму тој што го прифативме, а тоа е придонесите да се платат 50% од државата, а останатиот дел да го платат работодавачите, сé со конечна цел полесно да го пребродат целиот овој период.
Сите ние претпоставуваме дека дел имаат некои резерви, дел немаат резерви и затоа може да користат разнолики мерки. Тие се и кумулативни мерки, едниот дел како што е одложувањето на аконтацијата за данокот на добивка, супституцијата, а можат паралелно да ја користат и третата мерка каде што може да им биде директно помогнато од Македонската Банка за поддршка на развој, каде што до сега има 5,7 милиони евра. Ослободуваме и дополнителни 6 милиони кои што ни се на располагање, а со кои на микро, малите и средните претпријатија им даваме бескаматен кредит:
од 3.000 – 5.000 евра на микро;
од 5.000-15.000 на малите претпријатија; и
од 15.000-30.000 евра на средните претпријатија.
Таму има критериуми по статистика кои се тие претпријатија. Сите ќе треба да аплицираат, ќе го добијат бескаматниот кредит со грејс период од 6 месеци на 24 рати. Каматата мора да се плати во банката, Владата ќе ја плати и овде имаме директно издаток. Сето тоа е една лепеза на погодените сектори. Кога би знаеле дека ова ќе остане овде би алоцирале уште, но знаеме дека нема да остане. Има и други погодени сектори каде што ќе развиваме и нови мерки за помагање“, додаде тој.
На прашањето кога може да се очекува пикот на здравствената криза, Заев рече дека според анализите кои до сега се направени, здравствениот пик се очекувa за некаде еден месец од сега, меѓу 15 и 20 април.
„Економскиот пик го очекуваме допрва да се случи од почетокот на април и тој ќе се случува и ќе расте и последиците ќе бидат големи. И треба да знаат граѓаните. Не ми е лесно да соопштам таква информација…
Допрва државата ќе развива економски мерки и не само тоа, туку и на одмината криза ќе продолжиме да помагаме. Тоа ќе направи еден нов и комплетен рефреш и нов почеток, но ако солидарно тоа го понесеме сите, да ги тргнеме сите политички предрасуди и преокупации и да се посветиме за да бидеме уште поуспешни во тој дел, затоа што рамноправно ако е распределено побрзо ќе се справиме со целава работа. Ќе можеме дефинитивно да ги максимализираме сите финансиски средства коишто стојат на располагање на државата преку Владата во овој случај. Концентрацијата не доаѓа во еден човек, во многу земји концентрација со вонредна состојба доаѓа токму кај Претседателот, таков им е системот, но кај нас тоа доаѓа кај Владата, а таа во моментов во вонредна состојба ќе биде и Парламент. Но одлуката кој ги носи владата вие веќе ги знаете уште во нивната подготовка и ќе бидат транспарентни, јавно објавени и ќе се однесуваат за посериозни алатки за справување со кризата и економските мерки кои ќе ги развиваме. На пример ако сакате 20 милиони евра од еден сектор да ги префрлите во здравствениот сектор за да бидете поспремни, ќе ви треба ребаланс на буџет, а немате Парламент, во тој случај тоа ќе го направи Владата“, додаде Заев.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ