Премиерот Зоран Заев добил покана да го посети Рим лично од премиерот на Италија, Џузепе Конте. Информацијата за ЦИВИЛ Медиа ја потврдија и официјално од кабинетот на Заев.
Од Кабинетот на премиерот велат дека не е одреден точен датум, ниту Заев ја потврдил посетата. Но, неофицијално се дознава дека Заев е поканет да биде во Рим во истиот период кога во италијанската метропола на 19 ноември ќе се собира Советот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија.
Овој Совет може да донесе и заклучоци кои понатаму може да ги предлага на Советот на шефовите на државите членки кој ќе се одржи во декември кога Хрватска ќе го преземе претседателството. Во дипломатските колоари сѐ повеќе се зборува дека и на Самитот во Рим ќе се направи уште еден обид за премислување на Франција и одредува датум за почеток на преговорите на Северна Македонија и Албанија за влез во ЕУ.
Арбен Зеќири