• Latest

Заев: Сè уште нема договор за името, се договараат принципите и начелата

May 30, 2018

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Сè уште нема договор за името, се договараат принципите и начелата

May 30, 2018 12:00
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Сè уште нема договор за името, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција пред споменикот на паднатите борци во дворот на Владата по повод една година од работењето на Владата.

– Сè уште не е ништо договорено. Како што соопштија министрите Димитров и Коцијас договорени се принципи и начела на договор. Се работи на правно формалниот аспект на самиот договор, следува разговор помеѓу мене и премиерот Ципрас, верувам деновиве, вечерва, утре или до петок. На овој разговор очекувам да направиме исчекор што е многу значаен и затоа ги следиме сите шпекулации во јавноста. Веднаш штом ќе имаме информација транспарентно ќе ја споделиме со јавноста, рече премиерот Заев.

Во делот на чекорите за спроведување на договорот, посочи Заев, нема ништо тајно, ниту непознато. Станува збор за работи што се разговарале на лидерската средба пред неколку дена. Додадено е само тоа што некој сакал да го додаде.

– Чесно е да се разговара покрај за правно формалниот аспект на евентуален договор и за термините за негово спроведување. Овде во Македонија сите стоиме зад референдумот, а Грција има за тоа разбирање. Логично е да се постават чекорите на спроведувањето на евентуалниот договор, рече Заев.

Тој се огради од споменување на придавки во однос на името, затоа што разговорите се во финалната фаза.

Во однос на барањето на претседателот на државата Ѓорге Иванов да биде информиран за текот на разговорите, Заев рече дека на лидерската шефот на државата бил целосно информиран за сите детали, а за новите моменти од процесот на преговори што се случија по лидерската ќе биде информиран од министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој, како што кажа, уште денеска ќе побара средба со Иванов за да го информира за последните финеси од преговорите.

На прашањето зошто пред референдумот ќе треба да се ратификува Договорот во Собранието со 61 пратеник, премиерот Заев рече дека тоа е за да може Грција да испрати писмо до НАТО и да добиеме покана за НАТО.

– Ратификацијата на договорот е нешто зад што застануваат двете влади и веројатно парламентарното мнозинство, а се надевам дека тоа ќе биде многу големо мнозинство, заедно со опозицијата. Но, секако сите треба да знаат дека конечен е референдумот. Крајот на септември, почетокот на октомври, веројатно е соодветното време. Ќе се договориме сите чинители во државата кога да се одржи тој референдум и преку него граѓаните ќе ни ги дадат насоките. Но, истовремено, граѓаните што ќе излезат на референдум сакаат да ги знаат ставовите на политичарите  и тоа е отворено и транспарентна постапка и начин на кој се решаваат проблемите, изјави Заев.

На новинарско прашање дали со Договорот за пријателство со Бугарија ќе се менува макеоднската историја и дали ќе се штити македонското малцинство, премиерот рече дека во договорот јасно пишува дека Македонија ќе ги брани правата на својата заедница надвор од државата, согласно сите меѓународни договори што постојат и се обврзувачки за сите земји.

– Апсолутно тоа не загрозува никакви надежи, никакви права на Македонците или граѓаните на Македонија кои живеат каде било во светот. Истовремено, она што го прифативме и го споделивме е дека споделуваме заедничка историја покрај нашата посебна историја. Тоа е факт и ние не бегаме од фактите. Тоа се чекорите на храбро носење на одлуките. Целиот Балкан има заедничка историја, цела Европа има заедничка историја. Ние имаме наша посебна историја како што и Бугарија има посебна историја. Сето она што ќе биде спроведувано во делот на комисиите за имплементација на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија ќе биде транспаретно, отчетно и отворено пред граѓаните, рече премиерот.

По девет месеци, додаде, видовте дека само се подобрува соработката, нема никаков зијан ниту за државата, ниту за граѓаните, а така ќе биде и во иднина. Да престанеме да се плашиме од голи популизми, закани од некакви намери кон Македонија или што било кое јакне национализам. Ако сакаме во ЕУ треба да бидеме Европејци и согласно тоа штитејќи го нашиот идентитет, национална посебност и гордост, секако треба да го прифатиме пријателството и со соседите и со сите други земји во ЕУ. (MИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Грцијаедна година ВладаЗоран Заевиметопринципи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ