• Latest

Заев: Стартува реализација на првите 23 проекти за граѓаните од ТАВ програмата, инвестиции во инфраструктура за нови вработувања и економски развој

June 15, 2021
Скриншот од видео на TVPWorld

Поранешен српски милитант обвинет за воени злосторства во Хрватска уапсен на аеродромот во Варшава

October 23, 2025

Орданоски: Време е новата генерација да ја заштити демократијата од национализам, туѓи агенди и политички елити

October 23, 2025

Фактор на кој (не) се смета: Излезноста на Албанците на локалните избори

October 23, 2025

Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Комбинаторики и договарања меѓу кандидатит и партиите за вториот круг; експлицитен и понижувачки говор на омраза кон Ромите; руското влијание врз локалните избори

October 22, 2025
Фото: Амбасадорката на Украина, Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Руското гранатирање на Кијивската област одзеде живот на бебе, 12 годишнo дете и мајка – некој молчи, а некој се придружува на богослужбите на РПЦ

October 22, 2025
Џабир Дерала, Меѓународна конференција за демократија и човекови права, Скопје, 12 декември 2024 (фото: Роберт Атанасовски)

Колумна на Дерала од ЦИВИЛ во престижниот Voxeurop: Единството на Босна под закана од хибридната дестабилизација на „српскиот свет“

October 22, 2025
Пожар во рафинеријата за нафта Шажаломбата во ноќта на 20 октомври 2025 година – Фото: Фотографија од читателите / Телекс

Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

October 22, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Консолидиран центар, економска расправа и емпатија – три клучни чекори за стабилна демократија

October 22, 2025
Трамп и Зеленски во Овалната соба, 18 октомври 2025 (фото извор: ФБ страница на Володимир Зеленски)

Изгубени во преводот: Средбата Трамп–Зеленски и создавањето на една пропагандна приказна

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Стартува реализација на првите 23 проекти за граѓаните од ТАВ програмата, инвестиции во инфраструктура за нови вработувања и економски развој

June 15, 2021 15:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ми претставува чест и задоволство што денес ги доделуваме договорите на 23 општини за реализација на проекти за граѓаните, со вкупна вредност од 609,9 милиони денари односно 9,9 милиони евра. Станува збор за инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеење за граѓаните. Поточно, средствата се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на детски градинки, реконструкција на основни и средни училишта, резервоари за вода, системи за водоснабдување и останати проекти. Предвидено е да се реализираат над 90 инфраструктурни проекти, во сите плански региони за што се издвоени 49,7 милиони евра. Ова е прва група, следната е на почеток на јули и третата фаза околу 20 јули“, рече премиерот Зоран Заев во денешното обраќање по повод церемонијата на доделување на договорите за првите 23 општини од ТАВ Програмата.

Премиерот Заев истакна дека Владата континуирано се залага за рамномерен регионален развој и јакнење на инфраструктурата на општинско ниво.

„Ја зајакнуваме децентрализацијата и овозможуваме максимално можен трансфер на надлежности од централно на локално ниво. За таа цел започнавме реформа за унапредување на фискалната децентрализација преку реализирање на 3 главни столба и тоа раст на приходите на општините, отплата на долговите, како и домаќинско, транспарентно и отчетно работење.  Владата со буџетски средства и со поддршка на партнерите соработници како и со меѓународните финансиски институции спроведува проекти, конкретно насочени кон развој на општините. Главната цел е зајакнување на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на локално ниво. Продолжуваме да поддржуваме трајни добра, бидејќи изградбата на локалната патна инфраструктура,  водоснабдителна мрежа,  канализациони мрежи, реконструкција, изградба на градинки и училишта и спортски објекти, здравствени установи,  се за подобар животот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој“, рече Заев.

Договорите на градоначалниците  им ги  доделија Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции и Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија. На настанот присуствуваа и првиот заменик на претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, како и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Сани Шенер, главен извршен директор и претседател на групацијата ТАВ Аеродроми во своето обраќање истакна дека оперативните и финансиските успеси имаат значење само кога создаваат општествена вредност.

„Дваесет и трите договори кои ги потпишавме денеска со Владата, вредни 9,9 милиони евра, се првиот дел од вкупниот износ на инвестицијата од 49,7 милиони евра, кои наместо за изградба на карго-аеродром се пренаменуваат за проекти на локалната самоуправа и инвестиции во аеродромите. Ние во ТАВ веруваме дека оперативните успеси се значајни само кога создаваат општествена вредност, оттука важно е што овие средства, преку општините, ќе се користат за подобрување на локалната инфраструктура. Се надеваме дека заедно со Владата ќе продолжиме да создаваме успешни приказни и во оваа насока им благодарам на сите владини институции за добрата соработка”, изјави Шенер.

Во првата група се опфатени следните општини: Бутел, Прилеп, Ново Село, Шуто Оризари, Крива Паланка, Валандово, Струмица, Делчево, Ресен, Пробиштип, Карбинци, Липково, Тетово, Чаир, Сарај, Росоман, Босилово, Карпош, Старо Нагоричане, Неготино, Зелениково, Теарце и Боговиње. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    183 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ