• Latest

Заев: Веднаш треба да се најде решение за вршител на должност на СЈО

August 24, 2019
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Веднаш треба да се најде решение за вршител на должност на СЈО

- Верувам дека сите политички партии можеме да најдеме консензуално решение и не подоцна од 15 септември за новиот закон за Јавно обвинителство, потенцираше Заев.

August 24, 2019 16:14
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Верувам дека заедно со опозицијата, со консензус ќе ја обезбедиме поддршката на новиот закон за Јавно обвинителство, изјави премиерот Зоран Заев за време на денешната посета во Пелагонискиот регион.

Според првиот човек на македонската Влада, новиот Закон за Јавно обвинителство ги содржи над 80 насто од предлозите на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и очекува договор за донесување на Законот.

– Новиот Закон за Јавно обвинителство ги содржи над 80 насто од предлозите на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ. Во предлог решението има спојување на СЈО со Обвинителството за организиран криминал и тоа обезбедува иднина. Очекувам да се договориме, а пратениците да се изјаснат бидејќи деновите се одброени. За оваа работа разговараме скоро една година, а останаа само дваесеттина денови за разговори. Искрено верувам дека заедно со опозицијата, со консензус ќе ја обездиме поддршката на новиот Закон за Јавно обвинителство, изјави премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев испрати јавна порака до надлежните органи да најдат решение за избор на вршител на должност на СЈО и да не се дозволи нити еден предмет да биде загрозен.

– Сега, веднаш треба да се најде решение за вршител на должност на СЈО како времено решение, а потоа верувам дека сите политички партии можеме да најдеме консензуално решение и не подоцна од 15 септември за новиот закон за Јавно обвинителство. Работните групи продолжуваат со работа во понеделник и знам дека е премостливо тоа што треба да го решиме, секако почитувајќи ги „црвените линии“, а тоа е иднината на СЈО, Уставот, законите… се е решливо ако имаме одговорност во државава. Упатувам порака до правосудните органи да носат брзи одлуки бидејќи не смее да се дозволи не еден ден, туку ниту една секунда, кој било предмет да биде загрозен, затоа што правосудството работи со рокови и верувам дека нити еден процес нема да биде загрозен, нагласи премиерот Заев на денешната прес-конференција во атарот на селото Новаци во истоимената Општина.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share50Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ