• Latest

Заев за белградски „Курир“: Влегов во политиката за да дизајнирам различно опкружување и фер можности за секого

June 13, 2021
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев за белградски „Курир“: Влегов во политиката за да дизајнирам различно опкружување и фер можности за секого

June 13, 2021 16:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Влегов во политиката по совет на мојот чичко кој ми рече дека некој мора да ги научи политичарите да дизајнираат различно опкружување, да создадат фер можности за секого, вели премиерот Зоран Заев во интервју за белградски „Курир“.

– Зошто влегов во политика? Беше 1995-96 година. Чичко рече дека некој од деловниот сектор мора да влезе во политика затоа што политичарите работат само со професори и не знаат каква е реалноста. Дека некој мора да ги научи политичарите да дизајнираат различно опкружување, да создадат фер можности за секого. Станав пратеник во 2003 година, а градоначалник на Струмица во 2005 година, што бев 12 години. Јас сум премиер од 2017. И кој ме контролира?! Па, мислам дека само (сопругата) Зорица ме контролира. Затоа што, знаете како велат – и над шефот има шеф, вели Заев.

Тој во интервјуто нагласува дека му претставува голема чест и одговорност што е премиер.

– Никогаш не сонував дека ќе бидам премиер на мојата земја. Роден сум во Муртино, работев земјоделство, продавав на пазар. Но, животот носи непознати патеки. Премиерот треба да служи максимум два мандати, бидејќи постои ризик да стане автократ. Тоа е ризик насекаде, но особено на Балканот. Здраво е што секогаш доаѓаат нови луѓе. Јас сум во мојот втор мандат, кој треба да биде до 2024 година и верувам дека тогаш ќе го завршам. Потоа ќе се вратам во нашите компании, повторно да се занимавам со комерција, додава Заев.

„Курир“ во воведот на интервјуто наведува дека шефот на македонската Влада има биографија за која повеќето политичари, не само од Балканот, можат само да сонуваат.

– Во една исповед за „Курир“, тој објаснува како стигнал од продавач на лубеници до најважната позиција во земјата, каков однос има со неговите родители денес, како го заработил првиот милион и зошто понекогаш сака да бега со мотор, наведува „Курир“.

Премиерот во интервјуто посочува дека неговото име е поврзано со Србија, првата девојка ја имал во Горњи Милановац, првиот дополнителен профит го заработил со продажба на детергент за перење алишта од Србија, а и првите милиони му се од продажба на суви пиперки во Србија.

– Првата голема заработка, 2,4 милиони марки е од црвен пипер, кој го сушевме во Струмица и му го дадовме на „Хоргош“ за производство. Во 2001 година во Суботица преговаравме за цената, квалитетот, стандардите. Договор падна, профитот беше 2,4 милиони марки. И со тој капитал купивме циглана, истакнува премиерот.

Тој наведува дека ако го прашате неговото семејство каде е создаден капиталот, ќе ви одговорат дека тој е создаден од пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики.

– И син ми и ќерка ми го знаат тоа, а камоли постарите членови на семејството. И сега нека ми каже некој српски политичар дека Заев има резерви кон Србија, додава премиерот.

За тоа како ќе остане запаметен, Заев вели дека прво ќе го паметат во Струмица, која, како што нагласува, е најуспешната општина.

– И за сто години, некој ќе рече дека, кога Зоран Заев беше градоначалник, тој го правеше тоа и тоа… Значи, сакам да оставам што е можно повеќе добри работи. За син ми, мојот внук да речат „Кога татко ми, дедо ми беше премиер, тоа и тоа беше сторено“. Македонците и граѓаните од сите други националности ќе кажат дека кога Зоран Заев беше премиер, Северна Македонија стана членка на НАТО. И се надевам дека ќе започнат преговорите со ЕУ. Исто така, се надевам дека ќе зборуваат за тоа како е зголемена социјалната помош за триста процент. Значи, не три, не триесет, туку триста проценти. Како е зголемена просечната плата за 70 проценти за неколку години, како се зголемија пензиите…, истакнува Заев во интервјуто.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ