• Latest

Заев за идната година најави вработувања на научен и наставен кадар

November 13, 2019
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев за идната година најави вработувања на научен и наставен кадар

November 13, 2019 12:51
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со моето присуство овде како премиер, испраќам порака дека оваа Влада се определи за заштита, афирмација, поддршка на употребата на македонскиот јазик и  поддржуваме секоја искрена иницијатива која оди во прилог на унапредувањето на современиот македонски јазик, истакна премиерот Зоран Заев на отоврањето на четвртата Меѓународна научна конференција што ја организираше Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во рамки на Отворените денови.

Рече дека  се обидуваат да ги поддржат националните институти кои, како што рече, беа запоставени во претходното време и дека следната година ќе се работи на зголемување на бројот на нововработен научен и наставно-научен кадар.

-За да ја доближиме правилната примена на македонскиот јазик до младите луѓе и да мотивираме создавање стручни кадри кои ќе го пренесуваат знаењето за македонскиот јазик, потребен е подмладок во фелата. Помогнавме да се подобрат условите за работа во Институтот за македонски јазик со нови компјутери, со климатизација на целата зграда, со реновирање и модерен амфитеатар… Исто така, за 25 проценти одлучивме да има зголемување на платите од октомври оваа година во националните институти што беа оставени од 2008 година со најниски плати во државата. Голем дел од нашите научни работници овде беа навистина и со плати пониски од наставниците во средното образование. Предвидовме средства и за минат труд што одамна не е добиен. Во рамките на издавачката дејност за 2019 година, како никогаш досега се поддржани сите списанија и зборници и монографии на Институтот за македонски јазик, а правиме напори за финансирање и на националните проекти што пред десетина години беше целосно укинато, истакна Заев.

Соопшти дека деновиве треба да почне јавна расправа за Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик што предвидува, меѓу другото, вработување лектори во сите институции во државата, но и поактивна афирмација на македонскиот јазик во странство преку обновување на некогашни лекторати, но отворање и нови, особено во соседните земји.

Визијата на Мисирков денес е наша активна мисија, рече Заев на отворањето на научната конференција, порачувајќи дека  денешните генерации имаат должност да им предадат на  идните генерации жив македонски јазик. Таа одговорност, рече, е уште поголема ако се имаат предвид очекувањата за исчекор во евроатлантските перспективи и службената употреба на македонскиот јазик во европските институции.

Директорката на Институтот за македонски јазик Елена Јованова-Грујовска рече дека евентуалните вработувања во Институтот и на Скопскиот универзитет не се предизборно мотивирани, туку, како што рече, се насушна потреба за млад кадар.

-Имаме доволно услови за да вклучиме во работата уште најмалку 15 млади научници и да им го пренесеме нашето знаење. Во изминатата деценија државата отвораше нови универзитети и во нив го насочуваше новиот кадар. Националните институти, меѓу кои и нашиот кој е придружна членка на УКИМ, доживеа стареење на кадарот. Процесот на прием на млад кадар е започнат, но би апелирале за побрзо темпо за вработување, рече Јованова-Грујовска и нагласи дека е време да се размислува за враќање на финансирањето национални проекти укинато пред една деценија.

На дводневната четврта меѓународна научна конференција, годинава на тема „Македонскиот јазик – извор на филолошки и културолошки истражувања“, учествуваат 66 лингвисти. Четириесет и пет се  од  земјава, а 21 од Полска, Србија, САД, Русија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција и Словенија.  Институтот наскоро ќе организира и јавна трибина за Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ