• Latest

Заев за „Капитал“: Изразувањето интерес за учество во Александрополис е демонополизирање на снабдувањето со гас

January 15, 2021
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
Фото: Скриншот од Viory video

Над 80 сандаци со нацистички материјали пронајдени во подрумот на највисокиот аргентински суд

May 12, 2025

Новиот папа повика на ослободување на новинарите кои моментално се во затвори низ целиот свет

May 12, 2025
Фото: Скриншот од вифро нс НБЦ

Хамас најави ослободување на Едан Александар, последниот познат жив израелско-американски заложник во Газа

May 12, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните порачуваат – Одете си, не ве бива; Да се „симнат од облаците“ за да ја видат сиромаштијата; Во Скандинавија не се пука како кај нас…

May 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД и Кина постигнаа договор за намалување на царините за 115%

May 12, 2025
СРЕДЕНО Таравари и Мицковски како добри сојузници и со холивудски амбиции

Таравари и Мицкоски најавија „сиктер кафе“ од владината коалиција ама уште не го испиле

May 12, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Туск ја обвини Москва дека го наредила палењето на трговскиот центар во Варшава во 2024 година, Полска го затвори рускиот конзулат во Краков

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Заев за „Капитал“: Изразувањето интерес за учество во Александрополис е демонополизирање на снабдувањето со гас

January 15, 2021 13:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Сите граѓани се сопственици на националниот гасовод, што е огромна придобивка за граѓаните и за националните можности на државата. Наместо да биде присутен само еден извор на гас, со што државата, со години, се држеше во монополска позиција, сега е отворена можноста да влезе и азербејџанскиот гас како и течен гас од Америка и од други земји. Го изразивме нашиот интерес за учество во сериозен, би рекол геостратешки и европски проект, поддржан од САД, Александрополис“, истакна премиерот Зоран Заев во интервју за „Капитал“, информирајќи дека анализите покажуваат дека можеме да инвестираме во гасните терминал и централа во Александрополис за да имаме сопствеништво на меѓународен гасен терминал и гасна централа со локација во Грција. Тој додаде дека оваа инвестиција обезбедува „букирање“ на капацитети за сигурно и стабилно снабдување на земјата со гас, без ризици. Изградбата на Интерконекторот со Грција е проект вреден 54 милиони евра, од кои 14 милиони се грант од инвестициската рамка за Западен Балкан.

Заев оцени дека Владата следејќи ја состојбата во што најмногу се вложува во светот, се посветува на проектите од областа на енергетиката и енергетската ефикасност, заедно со дигитализацијата и сите други високи современи технологии, кои обезбедуваат економски напредок.

„На местото на стариот рудник во РЕК „Осломеј“ сега се градат капацитети за 10 мегавати, а ќе се изградат уште две фотонапонски електрани од по 50 MW. Проценетата инвестиција е околу 60 милиони евра. Термоцентралата ТЕЦ „Неготино“ ќе се трансформира во гасна централа преку јавно – приватно партнерство или ќе се продаде. Можната инвестиција е од 200 до 500 милиони евра со нови 100 мегавати зелена енергија“, вели Заев додавајќи дека се обезбедени и грант средства за физибилити студии за три нови фотонапонски електрани со вкупен капацитет од 160 MW во РЕК Битола и дека во првиот квартал од оваа година ќе биде објавен нов тендер за дополнителни 60 MW фотонапонски електрани и инвестицијата е над 35 милиони евра.

Тој во интервјуто се осврна и на почетокот на изградбата на втората фаза од ветерниот парк Богданци 2, со кој ќе се зголеми инсталираната моќност на постојниот ветерен парк Богданци за 13.8 MW, која ќе започне годинава. Инвестицијата е вредна 21 милион евра. Заев во интервјуто за „Капитал“, информира и за проектот „Чебрен“, вреден меѓу 600 и 800 милиони евра, кој по 11 години, неуспешни обиди на претходната власт, веќе е во следна фаза, откако  на јавниот повик за пројавување интерес пристигнаа повеќе понуди од кои 10 се од џиновски компании од Европа и Кина.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ