• Latest

Заев за „Ромањуз“: Креиравме програми за да се зголеми прагот на пропорционална застапеност на Ромките и Ромите и за поголем пристап до работни места

May 21, 2021
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев за „Ромањуз“: Креиравме програми за да се зголеми прагот на пропорционална застапеност на Ромките и Ромите и за поголем пристап до работни места

May 21, 2021 22:54
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во интервју за порталот „Ромањуз“, на новинарско прашање истакна дека решенијата за надминување на проблемот помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија се добра основа за отстранување на пречките за отворање на преговорите, која не задира во македонските идентитетски прашања.

Премиерот Заев нагласи дека атмосферата е смирена и дека двете земји ќе продолжат во европски дух да дојдат до решение кое до крајот на мандатот на Португалското претседателство со ЕУ ќе овозможи одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ, соопшти владината прес-служба.

Во тој контекст, премиерот Заев ја поздрави солидарноста и поддршката на ромската заедница во однос на ова важно прашање кое ги засега сите граѓани на земјата и додаде дека претставници на ромската заедница од јавната администрација и од граѓанските организации ќе бидат вклучени во процесите на консултации кога ќе отпочнат преговорите за нашето членство во ЕУ со отворањето на поглавјата.

-Прашањето на политиките на Ромите се едни од нашите приоритетни политики кога станува збор за еднаквоста на сите наши граѓани како наша обврска и како дел од европските критериуми за почеток на преговорите и за членството на Северна Македонија во ЕУ и во тој дел очекувам секој да го даде својот придонес, нагласи Заев.

Досега имаме направено многу на планот на инклузијата на Ромите во општеството и во спроведувањето на Стратегијата за Ромите, рече премиерот Заев, но тоа не значи дека работата е завршена и треба да продолжиме со силно темпо да ги реализираме сите предвидени програми.

-Застапеноста на Ромите во јавната администрација од 0,75% е зголемена на 1,25%. Нашата цел е овој процент да расте и Ромите да бидат правично и пропорционално застапени. Затоа се формирани посебни центри, кадровски екипирани, за поддршка и обука на членови на ромската заедница да бидат обучени и да ги поминат административните тестови како предуслов за вработување во јавната администрација, истакна Заев.

Тој додаде дека ова е само дел од програмите за поддршка на вработувањето и економската самостојност на членовите на ромската заедница.

-Од страна на Министерството за труд и социјална политика и Центрите за социјална работа е завршена систематизацијата  на работните места на 6 Ромски информативни центри во Центрите за социјални работи  во  Тетово, Велес, Куманово, Берово , Штип, Прилеп. Ангажирани 6 нови лица во Ромските информативни центри во Шуто Оризари, Гостивар, Делчево, Виница, Кочани и оваа година за прв пат се отворени два нови РИЦ во Неготино и во Кичево, потенцираше премиерот Заев.

Сите овие иницијативи имаат за цел да отворат опции за вработување и за социјална инклузија на Ромките и Ромите.

-Продолжува проектот за инклузија на 341 деца во претшколско образование  во 20 општини. 104 деца се опфатени со препорака на Влада за ослободување од партиципација на деца што се во социјален ризик во 13 општини. Ангажирани се 18 медијатори во претшколско образование. Примени негувателки со решение за работа се 14 коишто работат на овој проект и оваа година се ангажирани 3 негувателки во Дебар, Кичево и за прв пат во Радовиш, рече Заев.

Во овој дел влегуваат и проектите за поддршка на инфраструктурните проекти во средините со  мнозинство на ромско население.

-Согласно владината одлука 10% од социјалните станови таму каде што има аплицирано Роми на повиците што ќе следат и кои ги исполнуваат пропишаните услови согласно огласот. Во тек е процес на усвојување на информацијата за распределба на 20 милиони денари од Министерство за транспорт и врски за реализација на инфраструктурни проекти во ромските населби, а во рамките на ребалансот за оваа цел настојуваме да обезбедиме дополнителни 20 милони денари наменети за типски куќи во Шуто Оризари за создавање на услови за поддржано живеење  за најранливата категорија на граѓани, истакна премиерот Заев во интервјуто за порталот „Ромањуз“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ