На својот Фејсбук прфил, Никола Наумоски, шеф на кабинетот на градоначалникот на Град Скопје, преку инфографици споредбено ја прикажа состојбата со аерозагадувањето во последните пет години во повеќе скопски општини.
„Настрана фотографиите со магли и црвени кругови, бројките за загаденоста имаат смисла да се толкуваат само кога може да се споредат. Еве ги бројките во последните пет години за мерните станици во Скопје што работат и собираат податоци.
Ова не значи дека не е загадено, или дека немаме проблем со аерозагадувањето. Не, ова значи дека проблемот има тренд на намалување, а причините може да се климатски или човечки, или и двете“, вели Наумоски.