• Latest

Загрижувачки состојби во затворите

June 26, 2019

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Загрижувачки состојби во затворите

Кревети опремени со нечисти и искинати кебиња, дотраени душеци и високо ниво на влажност на воздухот – ваква слика констатирал во затворите во Тетово и Гевгелија тимот на Националниот превентивен механизам

June 26, 2019 14:13
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Според годинешиот извештај на Народниот правобранител дел од забелешките се однесуваат на скинати ќебиња, распаднати душеци, тоалети надвор од затворската зграда, негрижа за здравјето на затворениците и нехуман третман од страна на затворските службеници.

Исто така, полициските службеници не се доволно информирани и подготвени да препознаваат ранливи групи притвореници меѓу азилантите, што претставува главен индикатор за можен ризик од нечовечно и понижувачко постапување кон лицата што се задржуваат или се лишени од слобода, вклучително и бегалците и мигрантите, беше посочено како клучна забелешка од годишниот извештај на народниот правобранител, Васка Бајрамовска-Мустафа, за Националниот превентивен механизам, што беше презентиран на денешната прес-конференција.

Од анализите на Националниот превентивен механизам може да се утврди дека најчестите забелешки се однесуваат на инфраструктурните услови во затворите, нехуманиот третман на затворениците, потоа лошата административна распределба на канцелариите во полициските станици и како екстремен е наведен примерот со затворите во Тетово и Гевгелија, каде што нема полициски службеник од женски пол, со што пристапот кон притворениците жени или деца го прават службеници мажи.

Во извештајната постапка биле спроведени вкупно 42 превентивни посети, од кои 11 на полициски станици и затвори и 31 посета во местата на сместување и задржување бегалци. Освен ова, било спроведено и едно истражување за степенот на почитување на правата на странските државјани кои издржуваат казна затвор во КПД „Идризово“ за што биле спроведени 2 наменски посети во оваа установа.

Годишниот извештај народниот правобранител ќе го достави до Владата, Собранието, надлежните министерства и до другите институции и установи во кои се врши лишување или ограничување на слободата на движење. Извештајот ќе го добијат и меѓународните институции и организации што работат на полето на превенција и заштита на човековите права, вклучително и Поткомитетот за превенција од тортура на Обединетите нации и Европскиот комитет за спречување тортура и нечовечно понижувачко постапување или казнување.

Share29TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ