Бугарија има двојна надворешна политика, при што министерството за надворешни работи е исклучено од разговорите меѓу премиерот Кирил Петков и неговите колеги од С. Македонија, изјви пратеничката на ГЕРБ и поранешна министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.
Според поранешната министерка, потребно е „Бугарија треба да има јасен и недвосмислен став“ по прашањето за С. Македонија.
“Жал ми е што некои од бугарските политичари се фаќаат за пропагандата на С. Македонија. Не треба да личиме на ситен историски реваншист, а тие го сакаат тоа. Проблемот не е само во апсолутно лажното читање на историјата, проблемот е што се создава омраза кон соседна земја и земја која претендира да биде членка на ЕУ во 21 век не почитува основни човекови права“, рече Захариева.
Поранешната шефица на бугарската дипломатија додава дека Софија направила апсолутно се што е можно во однос на спорот со Скопје. / Слободен Печат