• Latest

Закажано рочиште за предметот „ТНТ“

January 3, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Закажано рочиште за предметот „ТНТ“

January 3, 2018 15:37
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

За 24 јануари е закажано првото рочиште за случајот „ТНТ” на Специјалното јавно обвинителство, во кој осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски, како и уште четири други лица.

„ТНТ“ беше распределен кај судијата Ивица Стефановски,  но со новиот годишен распоред тој е прераспределен во Одделот за малолетници, поради што за овој случај треба да биде назначен нов судија.

Советот за оценка на обвинителен акт при скопскиот Кривичен суд на 17 ноември минатата година го прифати обвинението за случајот „ТНТ“.

„ТНТ“ се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на  Партијата за европска иднина Фијат Цаноски.

Апелацискиот суд на 4 ноември 2017 година одлучи прислушуваните разговори во случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот Космос да можат да се користат како докази во судската постапка.

Обвинителите од СЈО на јавна седница изјавија дека поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски не се жртви на прислушкување, туку тие биле дел од власта што незаконски прислушкувала. Обвинителите тврдеа дека снимките имаат доказна вредност и со нив не се повредува приватноста на обвинетите.

Адвокатите на обвинетите, пак, тврдеа дека прислушкуваните разговори се незаконски стекнати и се нарушува приватноста на обвинетите. 


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „ТНТ“Гази БабаГруевскиЈанакиескиСЈОТони Трајковски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result