На лидерската средба Мицковски и Заев се договорија дека ќе се формираат работни групи од 11 март што интезивно ќе работат на предлог -законот за јавно обвинителство.
Освен што се знае дек работната група на СДСМ ќе ја предводи министерката за правда Рената Дескоска, од ВМРО-ДПМНЕ сé уште се чека да номинира членови.
Веста дека ДУИ инсистира на промена на тимот на СЈО, според изјавата на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, е лажана.
Алијансата за Албанците нема да даде поддршка, бидејќи според нив сето ова е политичка игра, а ќе изостане и поддршката на Движењето Беса. Уште нема информации за одлуката на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА.
Мицкоски на средбата со Заев побарал да се прошири опфатот на делата што ќе ги води СЈО. Како што објасни Мицкоски, интегрирањето на СЈО е дел од реформските закони и за тоа можат да дискустираат, но сè уште немале доволно време да се посветат на самиот закон.
Ставовите на СДСМ се јасни и според нив Катица Јанева останува до завршување на нејзиниот мандат во мрт 2020 година.
За овој закон потребно е двотретинско мнозинство и според прогнозите најидеално е негово донесување пред претседателските избори. Исто така, неговото донесување е еден од условите што ќе влијаат на добивање датум за преговори за членство во ЕУ.
Б. Ј.