• Latest

Законот за правична застапеност прво на јавна дебата, па на Венецијанска комисија

October 13, 2024
Фото: Скриншот од видео на профилот на Антонио Кошта/Х

Кошта до Вашингтон: Сојузници не се закануваат дека ќе се мешаат во демократијата на своите партнери

December 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025: (Не)научени лекции – Формален ритуал наместо вистински демократски процес

December 8, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Молкот на граѓаните ја легитимира корупцијата

December 8, 2025
фото: ВИ

„Младите бегаат, мигранти доаѓаат“: СДСМ го обвинува Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Милошоски демантира – „тоа се спинови“

December 8, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Арно што Трамп не беше претседател на САД во 1941 година

December 8, 2025
Фото: Фејсбук на Ивица Томовски, директор на СОЗР

СДСМ бара истрага за Томовски: Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата

December 8, 2025

(ИНФОГРАФИК) Хибридниот арсенал на Русија: Како Москва напаѓа без да објави војна

December 8, 2025
Џабир Дерала, ЦИВИЛ (Фото: Г. Н. / ЦИВИЛ)

Дерала: „Хоризонти на слободата“ ги обединува демократските гласови од Европа, САД и регионот

December 8, 2025
Скриншот од видео на
APT

Рускиот Африкански корпус, замената за Вагнер во Мали, врши воени злосторства, вклучувајќи силувања и обезглавувања

December 7, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ не се извинува на Томовски, бара од  Обвинителството и ДКСК да покренат истрага – директорот на владината СОЗР најавува тужба

December 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Законот за правична застапеност прво на јавна дебата, па на Венецијанска комисија

October 13, 2024 09:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новото законско решение за правична застапеност мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија, вели премиерот Христијан Мицкоски, а од коалициониот партнер во владата ВЛЕН дека новиот закон веќе е во подготовка и од следната недела ќе се организриа јавна дебата.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите за новиот Закон за правична застапеност по укинувањето на „балансерот“, рече дека новото законско решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија.

Тој потенцира дека е потребно од кога ќе се искристализира решението кое ќе биде на основа на предлог, да се испрати на мислење во Венецијанската комисија и потоа да се донесе.

Во однос на ДУИ, Мицкоски нагласи дека на владина седница минатата година, членови на ДУИ ја усвоиле стратегијата за реформа во јавната администрација, која, како што нагласи, јасно вели дека ќе има бришење на „балансерот“.

Министерот за здравство Арбен Таравари вчера одговорајќи на новинарско прашање во врска со укинувањето на „балансерот“, уште еднаш го повтори ставот дека е потребен Закон за правична застапеност. Тој рече дека ВЛЕН веќе го подготвува законот, за како што најави, веќе следната недела ќе се одржи и јавна дебата.

Тој подвлече дека е потребен Закон за правична застапеност, не само за етничка категорија, туку за сите категории кои што се маргинализирани во општеството.

Уставниот суд на седница на 9 октомври годинава донесе одлука за укинување на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по седницата, образложи дека одлуката на судот е донесена со мнозинство гласови и нема да важи ретроактивно. Манипулација, ги нарече, тврдењата дека Уставниот суд укинал права на заедниците.

Со одлуката се укинати одредби од законите за јавен сектор и за јавна администрација, како и подзаконските акти со кои се операционализира темелната вредност соодветна и правична застапеност.

При градењето на својот став во овој предмет, Костадиновкси информираше дека Судот го имал предвид и Извештајот за 2023 година на Европската комисија, разни споредбени решенија, но и одлуки, како што е Пресудата на Врховниот суд на САД (Students for fair admissions v. President and fellows of Harvard College, 2023), пренесе МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Кривична за Костадинов за набавка на електрични автобуси, екс-градоначалникот на Струмица ги отфрла сите сомнежи

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ