• Latest

Законот за спречување на уништувањето на шумите на ЕУ ги загрижува европските бизнис заедници

August 4, 2024

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025

Најмалку еден загинат, а 10 се повредени во руски балистички ракетен напад врз Кијив

October 25, 2025

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Законот за спречување на уништувањето на шумите на ЕУ ги загрижува европските бизнис заедници

August 4, 2024 09:25
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Законот на ЕУ заштита на шумските предели предизвикува загриженост меѓу бизнис заедницата, земјоделците и невладините организации, особено по одлуката на Еврокомисијата за повторно одлагање на објавување на новите правила за спречување на уништувањето на шумите, само пет месеци пред стапувањето во сила на оваа законска регулатива.

Се проценува дека одредите од Законот ќе влијаат врз производството на некои стоки, чија потрошувачка во ЕУ е доста висока, како што се какаото, кафето, сојата или палминото масло, но и врз одгледувањето говеда, што ќе има последици по увозниците, преработувачите, трговците на мало и земјоделците на глобално ниво.

Особено се смета дека ова законско решение во голема мера ќе ги погоди малите земјоделци во земјите во развој, поради што Глобалната платформа за кафе (ГЦП) побара од ЕК да најде решение за „отворените прашања во спроведувањето на Законот“ најдоцна до октомври.

Во писмо на ГЦП испратено до Еврокомисијата, кое е потпишано од организации кои ги претставуваат производителите на кафе ширум светот, од Европската федерација за кафе, како и од неколку големи компании, како „Нестле“ и „Старбакс“, се наведува дека при обидите за усогласување со одредбите од Законот, биле утврдени „критични прашања“, кои ја „загрозуваат способноста за исполнување на целите на регулативата, затоа што нивната имплементација би предизвикала несакани последици по малите земјоделци производители на кафе и помалите компании“.

Со правилата од Законот, меѓу другото, се бара од компаниите да го следат патот на дистрибуцијата на стоките почнувајќи од самите фарми и да ги утврдат координатите на нивните геолокации, со цел да се докаже дека при земјоделското производство не била уништена шумска површина.

Според ГЦП, ваквата обврска ќе претставува оптоварување не само увозниците и трговците во ЕУ, туку и за земјоделците, кои треба „брзо да се прилагодат на новите бирократски барања“. Затоа ГЦП бара од Комисијата да ги презентира потребните насоки, да обезбеди подобрена ИТ платформа за утврдување на координатите за геолокација и да објави критериуми за рангирање на земјите според ризикот од уништување на шумите, како и подготви упатства за заштита на податоците на земјоделците.

Според раководителот на Секторот за кафе на Алијансата на дождовните шуми (РА), која е дел од ГЦП, Мигел Гамбоа, неговата организација „активно го поддржува“ Законот за спречување на уништувањето на шумите, но смета дека мора да се избегнат негативните влијанија врз земјоделците.

– На многу мали земјоделци производители на кафе им е потребна поддршка за да се усогласат со барањата, локалните закони и практичните и техничките насоки за клучните еколошки пракси, посочи Гамбоа, додавајќи дека Алијансата за дождовните шуми не е за одлагање на стапувањето во сила на Законот.

Наспроти ваквиот став на Алијансата, повеќе засегнати страни, европратеници и земји членки на ЕУ бараат одлагање на спроведувањето на Законот.

Така, организацијата на европските трговци на мало ЕуроКомерц изрази „длабока загриженост“ поради Законот и побара одлагање на неговото стапување во сила за шест месеци, со цел да им се даде на компаниите подолг рок за прилагодување.

– (Со законот) особено се погодени трговците на мало и на големо поради широкиот опсег на производи што ги продаваат, но исто така и илјадници директни добавувачи со десетици илјади вработени од кои повеќето се мали и средни претпријатија. Многу од прашањата што ги споделивме со Комисијата во текот на изминатата година, досега останаа неодговорени, се вели во соопштението на ЕуроКомерц.

Здружението на земјоделците производители на какао од Нигерија (ЦФАН), исто така, побара одлагање на стапувањето во сила на регулативата, нагласувајќи го „непосредното негативно влијание“ од него врз егзистенцијата на земјоделците, кои се соочуваат со „недостиг на соодветни информации за Законот“.

Во изборната програма на Европска народна партија (ЕПП) за јунските европски избори беше наведено ветување за одлагање на спроведувањето на овој Закон, со што не се согласуваат партиите од левицата, пред се Зелените.

Европратеникот на групата на Зелените, Томас Вајц неодамна изјави дека тие би можеле да прифатат само „мало одлагање“ на спроведувањето на правилата од Законот, со цел да им се даде простор за прилагодување на националните администрации и бизниси, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ