Собраниската комисија за европски прашања денеска ја почнува расправата за Законот за употреба јазиците. Законот, кој предвидува проширена употреба на албанскиот јазик, е „со европско знаменце“, што значи дека ќе се носи по скратена постапка., јавува МЕТА.
Станува збор за еден од клучните закони на владејачката коалиција, чие донесување беше дел од преговорите меѓу СДСМ и коалиционите партнери од албанскиот блок.
Вицепремиерот Бујар Османи најави дека ќе бара поддршка за Законот и од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и дека тоа е добра можност за опозициската партија„да го ревидира ставот во однос на Албанците“, соопштува МЕТА.
извор: МЕТА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.