• Latest

Западен Балкан чека поевтин роаминг со ЕУ

February 11, 2018

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Западен Балкан чека поевтин роаминг со ЕУ

February 11, 2018 09:07
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Сè уште нема конкретни рокови и активности од надлежните институции за ветеното намалување на меѓународните тарифи за роаминг во телекомуникациските услуги, по потпишаниот меморандум меѓу Македонија и Бугарија.

Новини се очекуваат на претстојниот дигитален самит, чиј домаќин ќе биде Македонија во април,  и на Самитот за Западен Балкан, што треба да се одржи во мај во Бугарија, која ја покрена иницијативата за намалување на цените.

Од македонското регулаторно тело – Агенцијата за електронски комуникации, велат дека се уште не добиле никави насоки за постапување по меморандумот, што на 23 ноември лани го потпишаа македонскиот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и бугарскиот министер за транспорт и информатички технологии, Ивајло Московски.

Не се почнати процедурите со кои регулаторните тела, како што беше најавано, ќе ги поттикнат операторите да склучат договори за пониски цени при разговор, пораки и интернет во роаминг. Сега за минута разговор во роаминг од Бугарија во Македонија се плаќа меѓу 90 и 210 денари и 750 денари за мегабајт интернет.

Прашањето за драстичното намалување на цените на роамингот беше актуелизирано на последниот состанок на министерот Манчевски со еврокомесарката Мариа Габриел.

„Во текот на јануари, како што го информираше министерот Манчевски, еврокомесарката на состанок со телокомуникациските оператори од регионот разговарала за конкретни мерки и активности кои треба да се преземат во периодот што следува. Во мај, од страна на Европската Комисија ќе биде претставен план со активности и рокови за спроведување (road map), за намалување на цените на роамингот за земјите од Западен Балкан“, велат од МИОА.

Во меѓувреме, потенцираат, МИОА, во соработка со АЕК работат на измени на регулативата кои треба да овозможат намалување и целосно укинување на трошоците за роаминг.

Како што изјави портпаролката на Европската Комисија, Натали Вандејстад, на состанокот на операторите минатиот месец во Брисел, е побарано регионалните компании да ги истражат можните опции, како што се доброволните комерцијални или други договори за да се намалат цените на роамингот  помеѓу земјите од Западен Балкан. Компаниите се согласиле да разговараат со свои предлози со Комисијата во наредниот период.

Заложбите и конкретните мерки за драстично намалување на цените на роамингот во регионот се најавени како дел од клучните пораки на Дигиталниот самит, како прашање од важност за сите граѓани од регионот.

„Процесот нема да биде лесен, во него ќе бидат вклучени сите, и операторите и институциите и доколку постои политичка волја и конкретни активности, верувам дека ќе успееме да го направиме тоа во наредниот период, изјави еврокомесарката Габриел“, по средбата со министерот Манчевски.

Според најавите, Габриел ќе го отвори Дигиталниот самит за државите од Западен Балкан, на кој Македонија е прва држава домаќин, како дел од Берлинскиот процес, како потврда дека дигиталната агенда е во фокусот на претседателството на Бугарија со Европската унија.

Паралелно со овие активности регулаторните тела на Македонија, Црна Гора, Србија и БиХ почнаа активности за натамошно намалување на меѓусебните цени во роамингот, по трикратното намалување на цените со договорот од 2014, кој беше заокружен лани.

Одлучија да се продолжи со намалување на цените на роаминг услугите преку имплементација на  ЕУ регулативата  „роаминг како дома“. Регулаторното тело на Црна Гора достави предлог текст на нова спогодба за која државите треба да достават коментари и предлози.

За имплементација на ЕУ регулативата „роаминг како дома“  (пакет од три регулативи), потребни ќе бидат измени во Законот за електронски комуникации како и можни измени во одредени подзаконски акти на  АЕК.

Во таа насока, како што информираат од  ресорното македонско Министерство, веќе е започната соработка помеѓу МИОА и АЕК за да се утврдат потребните измени во Законот за електронски комуникации, и на подзаконските акти на АЕК. Од особено значење е процесот да биде паралелен и усогласен во сите земји од Западен Балкан, потенцира МИОА.

Од 1 јули минатата година Македонците зборуваат поевтино  кога патуваат во Србија, Босна  и Херцеговина и Црна Гора, откако кога стапи во сила третато намалување на цените на роаминг услугите согласно Договорот меѓу четирите  држави од 2014 година.  Минута разговор дојдовен повик  сега чини 11,6 денари,  а пред три години изнесуваше 67,9 денари, за СМС порака сега се плаќа 3,7 денари,  за разлика од старата цена од 12,3 проценти.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: АЕКЕУЗападев БалканМакедонијаМанчевскиМИОАроаминг
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ