• Latest

Започна панел дискусијата на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“ во организација на ЦИВИЛ

September 30, 2020

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Започна панел дискусијата на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“ во организација на ЦИВИЛ

September 30, 2020 12:19
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ја започна панел дискусијата на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“, која се одржува во хотелот Сити Парк.

На панелот учествуваат Јована Јована Тренчевска, Раководител на одделение за родова еднаквост, Сектор за еднакви можности во Министерство за труд и социјална политика , проф. Мирјана Најчевска, експертка за човекови права, Висар Адеми, експерт за економија, Лиса Баута Шаќири, авторка и правничка и Рамуш Муарем-Цирко, новинар, а модератор е Дехран Муратов од ЦИВИЛ. На почетокот на панел дискусијата, Џабир Дерала ќе ги претстави ставовите и првичните препораки на ЦИВИЛ на оваа тема.

„Кога ќе се спомене зборот дискриминација, тоа повлекува состојби и ситуации што засегнуваат огромен број луѓе, поединци и групи, заедници и категории на граѓанки и граѓани. Најдиректно и со долгорочни и тешки последици во животот на луѓето е токму дискриминацијата во постапките и процедурите на вработувањето, како во јавниот, така и во приватниот сектор. Тоа е многу почеста појава, отколку што за тоа се говори во јавноста“, истакна Дерала на почетокот на панелот.

Дерала додаде дека дискриминацијата може да биде позитивна, но честопати таа се претвора во политичка алатка за пазареење или злоупотреба на правата и слободата на граѓаните, кои наместо да добијат подобри опции во процесите, стануваат жртви или клиенти во тие институции.

Јована Тренчевска се осврна на она што е вклучено во Законот за заштита од дискриминација, одлуката на Уставниот суд да се укине законот предизвика бурни реакции, не само кај активистите и професионалците туку и кај граѓаните, тој се рефлектива во секојдневното живеење.

„Од тој аспект, живееме во време во кое што главна опција е градењето на социјанла демократска современа држава, каде почитувањето на човековите права е темелна вредност. Во моментов немаме заокружена законска регулатива која ќе биде посветена на дискриминацијата и еднаквите можности, приоритет на Владата е донесување на овој Закон, тој приоритет е реализиран и е во собраниска постапка“, истакна Тренчевска.

Таа додаде дека Прелог Законот бил позитивно оценет од Советот на ЕУ, Комисијата на ЕУ и Венецијанската комисија како современ закон,  и со неговото условување ќе имаме заштита од дискриминацијата.

„Законот ќе се применува и во приватната и јавната сфера и експлицитно се наведени областите каде не смее да има дискриминација, токму и работните односи се таму“, додаде таа.

„Јас многу јасно го искажав незадоволството од работата на Уставниот суд, за кој мислам дека сосема неоправдано и со многу погрешно читање на Уставот и законите го направи укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација и би било само спекулација зошто тоа го направил и кој добил од тоа, меѓутоа факт е дека ја доведоа државата во ситуација да има еден вакуум во коешто немаше законска регулатива со која граѓаните би се штителе од дискриминација и тоа е недозволиво после толку години на борба за донесување на овој Закон и после толку години на постоење на ваква законска регулатива“, истакна професорката Мирјана Најчевска на панел дискусијата на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“, во организација на ЦИВИЛ.

Најчевска истакна дека не треба да има различен третман кон луѓето поради одредена карактеристика меѓу која и да е етничката припадност, посебно кога станува збор за вработување во приватниот сектор.

„Во економија каде приватниот сектор се обидува да наметне конкурентност врз база на човечкиот капитал и капитал на иновации, вие не можете да кажете дека критериум за вработување на еден човек е тоа што знае македонски или албански јазик, веќе никој не бара дали знаеш јазици“, истакна Висар Адеми, економист.

„Ние живееме во држава каде што Никола Груевски го регулираше целиот приватен пазар, тој тогаш кажуваше ние ќе поддржуваме одреден сектор, индустрија или компании. Ние живееме во мајндсетот на регулирање на пазарот и затоа вакви идеа даваат, затоа што толку многу е регулиран пазарот во Македонија и толку многу зависи приватниот сектор од субвенции и државна помош, што тие мислат дека и преку политиката на вработувањето можат да им наметнат вакви политики. Јас мислам дека тоа е погрешен став, таа политика на ВМРО-ДПМНЕ во времето на Груевски, не сега, треба целосно да се уништи, да се регулира пазарот слободно да мисли еден претприемач, човек кој сака да му биде пазарот цел свет или барем регионот, не можете да му наметнете партиски кадри“, додава Адеми.

Новинарот Рамуш Муарем-Цирко истакна дека издвојувањето на етничката припадност за вработувањето не може да се смета како афирмативна и дека тоа се коси со Уставот на државата.

„Знаеме дека сме мултикултурна држава и вакви предлози одма ги кршат копјата, од една или друга страна секогаш има напади, и ова мерка може да донесе повеќе раздор отколку економска или некоја друга стабилност“, додаде Муарем.

Тој истакна дека кај Ромите во државата е повеќе присутна сиваta економија, затоа што самите гледаат дека немаат шанси или шансите се многу минимални да се вработат во јавниот или приватниот сектор.

„Државата прави напори да се елиминира таа сива економија, за да се полни буџетот, а Ромите се принудени така да работат, бидејќи немаат пристап до вработување во приватниот сектор, или ако се вработат тогаш се на функции од понискиот ешалон, а раководителни функции нема шанси да добијат“, рече Муарем.

Лиса Баута Шаќири, авторка и правничка истакна дека треба да се прави разлика меѓу критериуми кои работодавците ги наметнуваат, и политиките кои ги наметнуваат политичарите.

„Кандидатите кои треба да конкурираат треба да го задржат товарот и истовремено тие да бидат носители на одлуката дали ќе научат јазик плус, а не одбратното, кое вика во секоја фирма да има одредени критериуми“, истакна Баута Шаќири.

Таа додаде дека дискриминацијата тука не постои како етнички клуч, туку дека етничката припадност се користи за популистички мерки и дека истата треба да се тргне како клуч за вработување.

Ангела Петровска 

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ