Собранието го објави огласот за новиот состав на Државната комисија за спречување на корупција. Огласот ќе трае седум дена, а е објавен во дневните весници.
При изборот, според новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси, ќе важи принципот на соодветна и правична застапеност и принципот на подеднаква родова застапеност.
Огласот ќе трае 7 дена за претседател и шест членови на ДКСК со мандат од 5 години по што нема да имаат право на повторен реизбор. Исто така, членови на новиот состав не може да бидат лица кои биле антикорупционери во изминатите години.
Б. Ј.