• Latest

Заштита на избирачкото право – улогата на ДИК и Управен суд по приговори на избирачи и на подносители на листи

May 7, 2024

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Заштита на избирачкото право – улогата на ДИК и Управен суд по приговори на избирачи и на подносители на листи

May 7, 2024 13:09
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија, по правило, првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршување на изборите  Конечните резултати се објавуваат веднаш, односно 24 час од денот на нивната конечност.

Конечноста на изборните процеси, всушност, зависи од бројот на поднесени приговори, нивно усвојување или одбивање од ДИК, колку од нив ќе завршат на Управен суд. Приговорите во принцип се поврзани со заштитата на избирачкото право, постапка која е итна а се однесува како на избирачите (гласачите), така и на подносителите на листи.

Заштита на избирачкото право – улогата на ДИК и Управен суд по приговори на избирачи и на подносители на листи

Избирачи

Избирачите на кои им е повредено избирачкото право, според измените во Изборниот законик, член 149, на денот на гласање во рок од 12 часа поднесуваат приговор до ОИК. ДИК е должна да донесе одлука во рок од 2 часа. Против оваа одлука може да се поднесе тужба до Управен суд во рок од 12 часа по приемот на решението. Управниот суд е должен да постапи по тужбата во рок од 2 часа по нејзиниот прием.

Секој избирач на кого му е повредено лично избирачкото право во секоја фаза од изборниот процес, може да поднесе приговор до Државната изборна комисија непосредно или преку општинската изборна комисија, во рок од 48 часа.

Исто така, избирачите треба да имаат предвид дека ако одлуката на ДИК по поднесен приговор се однесува на одредено дејствие на избирачкиот одбор или избирачот ги исполнува законските услови да биде запишан во избирачкиот список, a процесот на гласање е во тек, на избирачот ќе му се овозможи остварување на избирачкото право, преку процедура предвидена во посебно упатство донесено од ДИК.

Подносителите на листи

Приговор на постапката на гласање од подносител на листа, член 148 од Изборниот законик, се поднесува во рок од 48 часа по завршување на гласањето, а приговор за постапка на сумирање и утврдување на резултатите во рок од 48 часа по објавување на првичните резултати. ДИК е должна во рок од 72 часа да донесе одлука по приемот на приговорот. Против одлуката на ДИК може во рок од 24 часа, по приемот на решението, да се поднесе тужба до Управен суд.

Подносителите на листи, исто така, можат да поднесат тужба до Управен суд против одлуката на ДИК за поништување на гласање во избирачко место во рок од 24 часа. Управниот суд е должен да постапи во рок од 48 часа.

ДИК по службена должност, или по поднесен приговор, со решение го поништува гласањето на гласачкото место ако  избирачкиот одбор не го спроведува гласањето на начин утврден со овој законик, а неправилностите влијаеле на постапката за гласање или постапката за сумирање и утврдување на резултатите, ако е нарушена тајноста на гласањето, гласањето било прекинато подолго од 3 часа,  полицијата не одговорила на барањето за интервенција од страна на избирачкиот одбор, а за тоа имало потреба и влијаело врз спроведувањето на гласањето на избирачкото место, бројот на гласачките ливчиња во гласачката кутија е поголем од бројот на избирачите што гласале, бројот на отпечатоците од прсти од гласачите кои гласале не се совпаѓа со бројот на гласачки ливчиња во гласачката кутија и некое лице или лица гласале за други лица.

ДИК со решение ќе го повтори гласањето на гласачките места во случаите од ставот (1) на овој член каде што гласањето е поништено само ако вкупниот број на запишани избирачи на тие избирачки места на ниво на изборна единица, град, односно општина влијае врз вкупните резултати.

Гласањето на гласачкото место кое е поништено ќе се повтори по 14 дена од денот на гласањето.

Управен суд

Управниот суд по тужбите на избирачите и на подносителите на листи против одлуките на ДИК расправа и одлучува во совет од петмина судии избрани по пат на ждрепка, на јавна седница за која ја информира јавноста и овластените претставници по чии тужби се одлучува.

По завршувањето на јавната расправа Управниот суд е должен во рок од 2 часа јавно да ја соопшти изреката на одлуката. Судот е должен да ја објави одлуката на својата веб страница во рок од 24 часа од моментот на објавувањето на изреката а одлуките ќе го содржат и начинот на гласање на секој судија поединечно.

Управниот суд може да ја потврди или преиначи одлуката.  Одлуките по приговор и тужбата со самото донесување се објавуваат на интернет страницата на Управниот суд, ДИК, општинската изборна комисија и на друг соодветен начин.

Одлуките на Управниот суд се правосилни и против нив не може да се изјави жалба или друг вид на правна заштита.

Како да се поднесе приговор

Граѓаните, како и подносителите на листи приговорите за заштита на избирачкото право ги поднесуваат во писмена форма и тие содржат: место, време, опис на направената повреда, сторителот и доказите на кои подносителот се повикува; име, презиме и потпис на подносителот на приговорот, односно на овластениот претставник и електронско сандаче за прием на писмена.

Доставувањето на приговор и тужба по пошта не е дозволено.

Приговорите можат да се поднесуваат и на посебни обрасци, пропишани од ДИК. Доколку во постапката за одлучување по приговор се утврди или произлезе друга повреда на избирачко право на избирач или повреда на избирачко право на подносител на листа, ДИК може да поведе постапка за заштита на избирачко право по службена должност.

Б. Ј.

Tags: заштита на избирачко правоизбориуправни постапки за приговори и жалби
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ