Реновирањето на затворот во Шутка дојде во вистинско време. Така, новите „станари“ во притворскиот и во затворскиот дел од овој затвор, оние од елитата, ќе имаат можност први да ги искусат подобрувањата на условите во затворите, што е дел од обврските на нашата земја за доследно почитување на човековите права, што секако ја подразбира и затворската популација. И не само физичките услови што се подобрени, туку и третманот е поинаков кон овие „елитни гости“.
Така, ако на „обичните“ криминалци им паѓаат забите, се разболуваат, па и умираат од болести што ги „заработиле“ во крајно нехуманите услови по македонските затвори, на „елитните“ им е обезбеден барем минимален комфор, со чисти постелнини и умивалници, а секако и лекар уште на почетокот од првиот ден во притвор.
Орце Камчев, еден од петмината притворени по синоќешната одлука на судот во случајот „Империја“ да им одреди 30-дневен притвор, престојува во тн. „Хашка соба“ во притвореничкото одделение во Шутка. Удобна и чиста соба.
Џ. Д.
на фотографијата: ќелија во холандски затвор