• Latest

Заев: Историјата се повторува само за оние коишто стануваат слепи кон минатото

March 12, 2018
Фото: Скриншот од видео на X

(ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

October 2, 2025
Фото: Фејсбук Гордана Сиљановска Давкова

Сиљановска – Давкова: Ни треба повеќе кантијанизам, наместо макијавелизам

October 2, 2025

ЦИВИЛ како дел од јавен настан вечерва во Рим ќе ја промовира книгата „Одбрана на демократијата и човековите права“

October 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Двајца мртви во напад врз синагога во Манчестер на Јом Кипур, се верува дека осомничениот е убиен

October 2, 2025

Шукова најавува БРТ линија, еко-автобуси, нов Луна парк и уреден Вардар, „Скопје Авантура“ за граѓаните

October 2, 2025

Османи ветува „чист Чаир“, Герасимовски нова градинка, Огненовски „економска Битола“, Лукровски стоп за бетон, Митовски ново срце за Гази Баба, Стојкоски пензионерски дом, а Митески нула деца на чекање

October 2, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мета наскоро ќе ги користи вашите разговори со нејзиниот АИ четбот за да ви продава работи

October 2, 2025
Фото: ДЗС

Ангелов во Хрватска: Разговори за сервис на ер трактори и размена на искуства во противпожарната заштита“

October 2, 2025

Скопје домаќин на меѓународна конференција за демократија и хибридни закани

October 2, 2025
Фото: Скриншот од веб страната на WSJ

WSJ: Трамп одобри разузнавачка помош за нападите на Украина со долг дострел врз руската енергетска инфраструктура

October 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Историјата се повторува само за оние коишто стануваат слепи кон минатото

March 12, 2018 14:42
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Историјата се повторува само за оние коишто стануваат слепи кон минатото, рече премиерот Зоран Заев на одбележувањето 75 години од депортацијата на македонските Евреи пред споменикот во кругот на Тутунскиот комбинат (некогашниот Монопол) од каде што биле пратени во логорот Треблинка во март 1943.

– Пред 75 години овој простор беше искористен за едно големо злосторство врз нашите сограѓани. Денес се сеќаваме и одбележуваме 75 години од деновите кога 7 144 Евери од Скопје, Битола и Штип и од цела Македонија беа собрани тука, во просториите на тогашниот Монопол и пратени на еден пат од кој никогаш не се вратиле. Нивниот најголем престап беше нивното постоење, нивната култура, традиција, нивната заедница. За тоа беа казнети со најдраконската казна и предвреме отргнати од своите најблиски, од својата земја од своите животи, истакна претседателот на Владата, кој рече дека се обраќа првенствено како граѓанин на Република Македонија.

Геноцидот над Евреите во Втората светска војна, рече Заев, беше борба на деструктивни и антицивилизацски сили против сета добрина и љубов, против пријателството и човештвото, против луѓето, слободата и нашето заедништво. „Таму кај што горат книги, ќе горат и луѓе еден ден“, рече Заев цитирајќи го Хајнрих Хајне од драмата  „Алмансор“ која била меѓу книгите што нацистите ги изгореле во Берлин.

– Нашите сограѓани, Евреите, беа книги на нашето заедничко постоење, испишани со години и векови историја и традиција, борба и пркос за подобро утре за сите кои живееја и живеат на овие простори. Оние коишто успеаја да го избегнат крволочното лудило, оставија неверојатна трага во нашата заедничка историја, истакна премиерот.

Им се заблагодари на Еврејската заедница во Репубчика Македонија и Фондот на холокаустот кои, рече, овозможуваат да се сеќаваме на историјата и културата на нашите сограѓани, а нивни предци.

– Вашата заложба ја прави Макеоднија побогата и граѓаните на Македонија ви се благодарни за тоа. Нашата сплотеност во осудувањето и сеќавањето на депортацијата на нашите сограѓани во логорот на смртта Треблинка е повеќе од само симболично. Денес ги повторуваме лекциите од минатото за уште посилно да си го осветлиме патоказот за иднината кој заеднички го избравме. Омразата не е наш избор, истакна Заев, додавајќи дека наши вредности се прифаќањето на различностите и почит кон другиот.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 75 годишнинадепортацијаевреиЗаевисторијакомеморацијаМакедонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ