• Latest

Заев: Историјата се повторува само за оние коишто стануваат слепи кон минатото

March 12, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Историјата се повторува само за оние коишто стануваат слепи кон минатото

March 12, 2018 14:42
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Историјата се повторува само за оние коишто стануваат слепи кон минатото, рече премиерот Зоран Заев на одбележувањето 75 години од депортацијата на македонските Евреи пред споменикот во кругот на Тутунскиот комбинат (некогашниот Монопол) од каде што биле пратени во логорот Треблинка во март 1943.

– Пред 75 години овој простор беше искористен за едно големо злосторство врз нашите сограѓани. Денес се сеќаваме и одбележуваме 75 години од деновите кога 7 144 Евери од Скопје, Битола и Штип и од цела Македонија беа собрани тука, во просториите на тогашниот Монопол и пратени на еден пат од кој никогаш не се вратиле. Нивниот најголем престап беше нивното постоење, нивната култура, традиција, нивната заедница. За тоа беа казнети со најдраконската казна и предвреме отргнати од своите најблиски, од својата земја од своите животи, истакна претседателот на Владата, кој рече дека се обраќа првенствено како граѓанин на Република Македонија.

Геноцидот над Евреите во Втората светска војна, рече Заев, беше борба на деструктивни и антицивилизацски сили против сета добрина и љубов, против пријателството и човештвото, против луѓето, слободата и нашето заедништво. „Таму кај што горат книги, ќе горат и луѓе еден ден“, рече Заев цитирајќи го Хајнрих Хајне од драмата  „Алмансор“ која била меѓу книгите што нацистите ги изгореле во Берлин.

– Нашите сограѓани, Евреите, беа книги на нашето заедничко постоење, испишани со години и векови историја и традиција, борба и пркос за подобро утре за сите кои живееја и живеат на овие простори. Оние коишто успеаја да го избегнат крволочното лудило, оставија неверојатна трага во нашата заедничка историја, истакна премиерот.

Им се заблагодари на Еврејската заедница во Репубчика Македонија и Фондот на холокаустот кои, рече, овозможуваат да се сеќаваме на историјата и културата на нашите сограѓани, а нивни предци.

– Вашата заложба ја прави Макеоднија побогата и граѓаните на Македонија ви се благодарни за тоа. Нашата сплотеност во осудувањето и сеќавањето на депортацијата на нашите сограѓани во логорот на смртта Треблинка е повеќе од само симболично. Денес ги повторуваме лекциите од минатото за уште посилно да си го осветлиме патоказот за иднината кој заеднички го избравме. Омразата не е наш избор, истакна Заев, додавајќи дека наши вредности се прифаќањето на различностите и почит кон другиот.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: 75 годишнинадепортацијаевреиЗаевисторијакомеморацијаМакедонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ