Зоран Заев, лидерот на СДСМ денеска се сретна со албанскиот амбасадор Фатос Река. Како што соопшти СДСМ, на средбата Заев ги изразил своите очекувања дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на 29-ти овој месец ќе го врати мандатот, а СДСМ ќе формира влада. Заев посочил дека целта на СДСМ е да ги спроведе сите потребни реформи, согласно со Извештајот на Прибе на Европската комисија, и Македонија да се врати на евроатланскиот пат.