Високата претставничка на Европската унија, Федерика Могерини ќе биде домаќин на премиерите од Западен Балкан во Брисел.
Од Унијата најавуваат дека на состанокот ќе се зборува за актуелните настани во регионот и перспективите на земјите од Западен Балкан за следната година, како и стратегијата со која ЕУ ќе им даде насоки на Србија и Црна Гора за членство во ЕУ до 2025 година, и идните чекори што треба да ги преземат Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и Косово на патот кон ЕУ.
Во соопштението на ЕУ стои дека тие се посветени на ангажманот кон земјите од регионот, со цел да им биде обезбедено на шесте земји од Западен Балкан да ги преземат потребните чекори за нивно напредување кон Унијата.
Пред работната вечера, премиерите од Западен Балкан ќе одржат билатерални средби.
Д.М.