• Latest

Заев: Знаеме кому ќе се заблагодариме во Владата

April 7, 2018

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Знаеме кому ќе се заблагодариме во Владата

April 7, 2018 10:44
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Јас сум среќен кога ќе се сетам каде бевме, а каде сме сега, до каде стигнавме. Бевме држава во изолација во која граѓаните живееа во страв, држава со политички тензии, а денес зборуваме за пријателства со соседите, за повисоки плати и за слобода. Слобода е, и критиката ја сфаќам како можност за корекција на власта. Следам внимателно и од каде доаѓаат тие критики. Доаѓаат од амбициите за позиции, но доаѓаат и од високите очекувања на граѓаните. Секогаш се трудам да ги земам предвид оние кои се конструктивни и аргументирани за да ги поправаме политиките и однесувањата, вели во интервју за МИА премиеорт Зоран Заев.

Запрашан дали како Влада лоцирале каде и што е нефункционално во системот, премиерот Заев објаснува дека лоцирале институции и систем што се блокирани, што се нефункционални како сервиси за граѓаните, заради постоечки законски решенија.

-Тоа се решава со промени во легислативата. Затоа влеговме во реформи. Тешки, но неопходни реформи. За да ги ослободиме институциите, за да профункционира системот како граѓански сервис.

За највената реконструкција и кадровско проветрување Заев вели дека има прилично јасна претстава какви решенија треба да бидат преземени. „ Ги правам последните консултации. На разрешувањата треба веднаш да им следуваат и новите именувања. За мене е сосема логично некој што не може да испорача резултати да биде разрешен или сам да се повлече“.

Прашан дали ова проветрување ќе важи и за најголемиот коалициски партнер зашто има многу забелешки што се упатуваат на таа адреса, затоа што, пред се, оттаму се очекуваа нови луѓе, премиерот во интервјуто излегува со ставот дека ДУИ понуди луѓе кои не беа во претходната власт, луѓе кои даваа надеж дека ќе се работи.

-Јас на луѓето во Владата не гледам како на луѓе од СДСМ, како луѓе кои дојдоа од експертската сфера, од граѓанскиот сектор или од било која друга партија. Гледам на нив како на луѓе кои треба да испорачаат резултати. Дополнителен критериум за мене е колку нивната работа влијае да се забележи разлика од политиките на претходната власт, дали работата на институцијата е променета на подобро. Граѓаните ја променија власта и логично е да очекуваат конкретни, видливи промени во институциите. Следува прашањето дали сме реализирале барем дел од ветувањата, од програмата што сами ја понудивме. Носителите на јавни функции мора да испорачаат резултати со кои се подобрува животот на граѓаните. Во тие рамки ќе се движат размислувањата и одлуките за промените што ќе следуваат.

Во одговор на речиси секојдневните напади од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека во Владата има „многу политика, малку економија“, дека земјата е изложена на „економско цунами“ на депресија и на нови задолжувања“, премиерот Заев објаснува дека за некои работи се согласува со Мицковски, особено во делот на реформите. Вели дека со него се договориле и мисли дека може да најдат заеднички прифатливи решенија за прашањата од национален интерес.

-Но, кога зборува за економијата, мислам дека не се снаоѓа најдобро. Република Македонија беше во минус. Беше урнисана држава, финансиски комплетно разнебитена. Имајќи го сето тоа предвид, досега ние успеавме да го стабилизираме буџетот на државата, да постигнеме раст на економијата, платите почнаа да растат. Без разлика кој како ќе го сфати ова, меѓутоа за овие прашања можам да им држам лекции на Мицковски и на опозицијата до сабајле, па и повеќе. Најголем дел од времето го посветувам на економските прашања, меѓу другото и затоа што сум економист. Јас имам добар министер за надворешни работи, добар министер за евроинтеграции кои ги тераат тие процеси, за кои не треба да се заборави дека имаат големи врски и со економијата, и со нив заедно ги конципиравме и комплетиравме нашите стратешки позиции кога се во прашање меѓународната политика и евроинтеграциите. Затоа мене ми останува голем дел од времето да го посветам на најважното прашање од интерес на граѓаните, економијата, вели Заев.

Како Влада,вели, ќе ги реализираат сите економски проекти што ги зацртале, а за кои во изминатиов период работеле на сета потребна документација, услови и логистика, за да можат да се остварат на најдобар можен начин. Со реализацијата на овие стратешки економски проекти, смета, Македонија влегува во пролетна економска офанзива.

-Еве, дозволете да изложам само некои примери и аргументи за ова мое тврдење. Во Македонија започна изградба, реконструкција и рехабилитација на патната инфраструктура во должина од 800 километри и со вредност од 270 милиони евра. Целата градежна оператива ќе работи буквално на целата територија на државата. Паралелно со тоа, со пренамената на парите на ТАВ, наменети за карго аеродромот кој се покажа како неодржлив проект, во висина од 35 милиони евра, заедно со заштедени пари од непродуктивни трошоци на институциите во висина од 25 милиони евра, ќе бидат насочени за изградба на градинки, училишта, канализациски мрежи и водоводи. И овие инфраструктурни проекти започнуваат да се градат оваа пролет. Во делот на капиталните инвестиции, имаме дополнителни 400 милиони евра за болници и други објекти од јавен и непосреден интерес за граѓаните. Не се тоа споменици и политикантски музеи, вели Заев.

Наведува дека со сите мерки што во изминатите 10 месеци ги спровеле, ослободени биле финансиски средства од непродуктивни трошоци и со тоа создале услови за зголемување на висината на социјалната помош.

-Анализите велат, доколку продолжиме со овие трендови на домаќинско работење, во комбинација со економскиот раст, на 1 јануари 2019 година ќе се создадат услови просечната социјална помош од 4.200 денари да ја достигне висината од 11 илјади и петстотини денари, дециден е Заев. „Паралелно, во истиот период, до 1 јануари 2019 година, имаме намера да го стабилизараме пензискиот фонд за да се гарантираат пензиите, и нивниот соодветен раст, на активните, како и на сите идни пензионери“.

-Системот хидроцентрали Чебрен и Галиште ќе го градиме сами со домашно финансирање и со домашни компании. Отпочнува реализацијата на два џиновски проекти секој од по 200 милиони евра во Скопје. Едниот е проектот на просторот на поранешниот Скопски Саем, и другиот на големата турска компанија Лимак. Ние се определивме да им даваме поддршка на ваквите проекти заради градежните компании, а не на проекти за споменици и фасади. ИГМ и нивниот индиски партнер градат фабрика за ладно валање во вредност од 60 милиони евра, која е еколошки комплетно заокружен проект. Заокружен е проект во вредност од 50 милиони евра за фотоволтаици без фидинг тарифа, односно без дополнителни пари од државата. Кон крајот на годината ќе отпочне изградбата на нови ветерници од 36 мегавати, ЕЛЕМ ќе гради уште два такви комплекса од ветерници од по 15 мегавати кај Богданци, набележува премиерот воинтервјуто за МИА.

Според него, проекциите на економски раст, на консолидацијата на буџетските приливи, на Владата ќе и овозможи реализација на ослободувањето од партиципацијата за болничко лекување за сите граѓани. Граѓаните заштедија 11,4 милиони евра само од евтината тарифа на струјата. Им заштедивме 12,4 милиони евра на граѓаните со укинувањето на радиодифузната такса. Спиралата на растот на платите што ја активиравме со покачувањето на минималната плата, доведе до раст на просечната плата за 5,6 отсто, нешто што не се случило од 2010 година. Убеден сум дека не до крајот на мандатот, како што ветивме, туку до крајот на 2019 година просечната плата ќе ја доведеме до висина од 500 евра.

-И на крајот, дозволете ми да ви дадам аргументи за да се направи паралела: За сите 11 години од владеењето на претходната власт, и поттрошените пари од 250 милиони евра за реклами за медиуми, за промотори, за роуд шоуа, дојдоа 23 странски инвеститори. И тоа е добро. Но, ние, за 10 месеци, без ниту еден денар за реклами или за роуд шоуа, потпишавме договори со 10 големи компании, странски инвеститори. Пред потпишување сме на уште осум нови, од кои три се домашни компании бидејќи поддршката за инвестиции сега важи поеднакво и за домашните компании. Преговараме со приближно 200 компании, и тоа не е само заради тоа што само имаше промена на власта, вели Заев.

За оваа клима, продолжува тој, придонесоа новите политики што ги градиме за пријателство со земјите во регионот, за релаксирање на односите и за создавање клима за соработка како добра основа за бизнис иницијативи. Тоа го враќа животот во Република Македонија. Животот е и имотниот лист што конечно ќе го земеме за Република Македонија. Го прочитав некаде тоа и ми изгледа сосема соодветно: Ќе земеме имотен лист ако станеме членка на НАТО, ако ги започнеме преговорите со ЕУ. Тоа на крајот значи повторно дополнителни услови за нови работни места, повторно значи економија.

-Да завршам, лекција од економски план Мицковски може да добие кога сака, изјави Заев.

Премиерот Заев, како докажан оптимист во преговорите за името, во интервјуто за МИА нагласува дека нема да има дипломатски булдожери меѓу Македонија и Грција, дека за такво решение вреди да се жртвува и политичката кариера. Притоа тој најавува средба со Ципрас, и за 12 април ја потврди и новата средба на Димитров и Коѕијас.

-Кога ќе ја слушнете најавата за средба Заев и Ципрас да знаете дека сме тука со достоинственото решениа за државата, порачува премиерот .

Повеќе детали за економската офанзива, предвремени избори, коалицијата и парламентарното мнозинство, соседите, во утрешното неделно интервју со премиерот Зоран Заев за МИА .

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Зоран Заевинтервју
Share89Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ