Изминативе 15-тина дена во 13 општини во земјава успешно беше спроведено пробното пребројување на населението и домаќинствата. Предлог законот за попис останува затворен во собраниските фиока. Не се знае кога ќе биде закажана Kомисиската расправа за предлог законот, бидејќи откако по најавите за бојкот од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, првата седница на комисијата преку ноќ беше одложена.
Во 13 општини во земајва од средината на овој месец па се до вчера се спроведуваше пробниот попис. Директорот на државниот завод за статистика Апостол Симовски вели апликативното решение функционирало одлично и оти се надеваат дека нема да има проблеми при спроведувањето и на главниот попис.
Главниот попис треба да се одржи во април 2020 година – но со заглавен предог закон во собраниските фиоки одржувањето на пописот идната година е се понеизвесно.
Власта и опозицијата и натаму се со спортивставени мислења за тоа дали пописот е според европските стандарди или не. За власта предложеното законско решение е според стандардите на Евростат – опозицијата и натаму децидна – предлог законот не е според стандардите на ОН и Евростат. За ВМРО-ДПМНЕ за ова прашање мора да има консензус, велат клучно е пребројување на резидентоното население.
Евроамбасадорот Самуел Жбогар најави дека иако пописот не е конкретен услов за добивање датум, ЕУ будно ќе го следи.
По најавите за бојкот од опозицијата, и премиерот Зоран Заев најави средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Новата лидерска средба на која Мицкоски и Заев ќе ги усогласуваат отворените прашања околу пописот се очекува во следниве неколку дена.