По речиси три часа разговори на средбата кај претседателот Пендаровски, лидерите на СДСМ и ВМРО -ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски не постигнаа договор за конечниот датум за предвремените парламентарни избори.
Од кабинетот на претседателот соопштуваат дека на средбата се разговарало за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудиле аргументи во прилог на нивните позиции.
Двајцата лидери се договорија да ја продолжат комуникацијата меѓу себе.