Првообвинетиот во предметот „Труст“ Сеад Кочан денеска во завршните зборови рече дека, покрај сувото гори и суровото, посочувајќи дека не се чувствува виновен.
– Не се чувствувам виновен затоа што не сум имал никаква умисла да прекршам било кој закон, рече Кочан.
Единствена цел ми беше да бидам конкурентен на пазарот и да обезбедам работа за моите вработени и нивните семејства, рече Кочан пред судот.
И обвинетиот Василије Авировиќ во завршните зборови рече дека не се чувствува виновен за делото за кое се товари.
-Таквото неосновано обвинение дополнително ја загрози мојата здравствена состојба, која уште од раното дејство ми е многу кревка, рече Авировиќ.
И Кочан и Авировиќ пред судот рекоа дека се приклучуваат кон завршните зборови на одбраната. (МИА)